Бес, завист и љубомора: Токсични чувства од кои мора под итно да се ослободите

Сите ние сакаме да бидеме среќни. За да го постигнеме тоа, мораме да препознаеме поради кои емоции се чувствуваме лошо и мораме да научиме како истите да ги претвориме во позитивни. Препознавање и признавање на проблемот е половина работа, па еве како да дознаете кои се тие емоции.

1-bes-zavist-i-ljubomora-toksichni-chuvstva-od-koi-mora-pod-itno-da-se-oslobodite-www.kafepauza.mk_

1. Токсична анксиозност

Анксиозноста потекнува од чувството на несигурност и загрозеност. Поради ова токсично чувство вие се чувствувате обесхрабрено и депресивно. Други симптоми се страв, недостаток на концентрација, сигурност и несоница.

Како да ѝ се спротивставите на анксиозноста?
  • Пронајдете го нејзиниот извор.
  • Внесете редовни физички активности во вашата секојдневна рутина.
  • Опкружете се со позитивни луѓе.

2. Хронично незадоволство

Незадоволството станува хронично кога е постојано во вашиот живот. Повременото чувство на незадоволство ви помага да станете подобра личност, но хроничното незадоволство ќе направи да го барате недостижниот стандард на совршенство.

Како да излезете на крај со хроничното незадоволство?
  • Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се обидувате да ги исполните очекувањата на другите.
  • Сфатете ја важноста на негативните мисли и искуства.
  • Учете од своите грешки, оставете ги зад себе и продолжете понатаму.

3. Токсична зависност од другите

Овие емоции ќе ве претворат во емоционален манипулатор и ќе ја загрози вашата личност. Ќе ве направи несигурни и наскоро ќе ја загубите вашата независност и ќе започнете да се сомневате во вашите способности.

Како да се борите со токсичната зависност?
  • Убедете се себеси дека вашите планови и цели се приоритет број еден.
  • Научете сами да ги решавате своите проблеми, но и признавајте ги вашите грешки.
  • Заборавете на изјавата „Не можам“. Воведете го мислењето „Ќе научам“ во вашиот живот.

4. Токсичен бес

Во одредени ситуации, добро канализирајте го чувството на бес кое може да ви помогне да ги надминете тешкотиите. Понекогаш тоа може да ви помогне да останете фокусирани и будни, но бесот станува вистински проблем доколку се претвори во насилство.

Што да правите со токсичниот бес?
  • Прифатете го вашиот бес и пронајдете свои начини за да се носите со него.
  • Секогаш имајте на ум дека најдобро е на бесот да му се спротивставите со мудар и здрав разум.
  • Морате да сфатите каква порака им пренесувате на другите кога сте лути.

2-bes-zavist-i-ljubomora-toksichni-chuvstva-od-koi-mora-pod-itno-da-se-oslobodite-www.kafepauza.mk_

5. Токсична суета

Суетата нема да ве направи посреќна личност. Ова чувство ќе направи и другите околу вас да патат. Не сте во состојба да бидете среќни поради туѓите успеси, што ве доведува до ситуација да не знаете како да реагирате кога сите околу вас се среќни заради успехот на некој друг.

Како да се ослободите од суетата?
  • Сфатете кои особини ве прават единствени.
  • Научете да сонувате и да тежнеете кон остварување на вашите соништа.

6. Токсичен срам

Опсесијата и стравот од тоа дека ќе изгледате смешно е често поврзано со стравот дека ќе бидете напуштени. Срамот ве парализира и ве спречува во решавањето на своите проблеми и постигнувањето на своите цели. Важно е да сфатите дека кој и да се обидува да ве посрамоти, тоа го прави од сопствената несигурност.

Како да го надминете токсичниот срам?
  • Сфатете дека кој и да се обидува да ве посрамоти го прави тоа затоа што ви се плаши.
  • Научете да се насмеете на сопствените грешки.
  • Сфатете дека грешката не значи неуспех.

7. Токсична депресија

Ова е една од најопасните емоции со кои можете да се сретнете. Токсичната депресија е промена на вашето расположени и состојба на умот која влијае на сите аспекти од вашиот живот. Понекогаш може да помислите дека немате причина да живеете.

Како да се борите против токсичната депресија?
  • Започнете поразлично да гледате на себе.
  • Научете позитивно да зборувате и да размислувате.
  • Сфатете дека вашите грешки од минатото се дел од вашето созревање.
  • Држете се настрана од луѓе кои не ве подржуваат и кои ве повредуваат.

8. Токсична фрустрација

Оваа емоција прави да чувствувате бес и презир. Имајте на ум дека не можете да го живеете вашиот живот доколку се обидувате да ги задоволите другите. Ваша најголема вредност е вашето достоинство.

Како да влијаете на фрустрацијата?
  • Фокусирајте се на она што сте го постигнале досега.
  • Дозволете си да правите грешки.
  • Никогаш не се откажувајте.

3-bes-zavist-i-ljubomora-toksichni-chuvstva-od-koi-mora-pod-itno-da-se-oslobodite-www.kafepauza.mk_

9. Токсични солзи

Плачењето може да биде добро за вашето здравје, но исто така може и да се претвори во токсична навика која ќе стане ваш единствен одговор на тешките ситуации. Морате да сфатите дека солзите никогаш нема да го решат проблемот.

Како да ја преземете контролата над солзите?
  • Обидете се плачењето да го претворите во позитивна емоција: Плачете од среќа или кога во вашиот живот ќе се случи некоја позитивна промена.
  • Плачењето е оправдано и доколку се соочувате со некоја физичка болка, бидејќи на тој начин природно го намалувате нејзиниот интензитет.

10. Токсично чувство на вина

Важно е да ја одвоите вистинската вина (на пример, кога свесно сте го прекршиле законот) и токсичната вина (чувство кое произлегува од емотивни причини).

Како да се носите со токсичната вина?
  • Доколку сте погрешиле, побарајте опростување и продолжете понатаму.
  • Кога се чувствувате виновно и кога ќе побарате опростување, тоа значи дека ја преземате одговорноста за вашите акции. Извлечете поука и нема да ја повторувате истата грешка.

11. Токсично одрекување

Одрекувањето може негативно да влијае на вашата моќ за донесување одлуки. Тоа произведува длабока болка и предизвикува тешкотии во прифаќањето на тоа кои сте. Тоа само ве труе.

Како да се изборите со одрекувањето?
  • Научете да се сакате себеси.
  • Постојано потсетувајте се дека вие сте единствени и посебни.

12. Токсична љубомора

Љубомората е поврзана со вашиот страв да изгубите некого. Во ред е да се грижите за вашите сакани и понекогаш да бидете љубоморни, но тоа чувство станува токсично кога вклучува закани, контрола и забрана.

Како да ја надминете љубомората?
  • Применете го едноставниот закон на љубовта и почитувањето.
  • Сѐ што почитувате ќе ви биде блиско, а сѐ што не почитувате со тек на време ќе си замине од вас.

4-bes-zavist-i-ljubomora-toksichni-chuvstva-od-koi-mora-pod-itno-da-se-oslobodite-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар