Баретките се повторно во мода, а ние пронајдовме одлични модни комбинации со кои можете да ги носите

Ако е точно дека баретките нè асоцираат на Французинките, тогаш е точно и дека сме подготвени да ги носиме само за да бидеме совршено стилизирани како овие жени. Есен е, фризурата треба да се чува од влажното време, а едноставните есенски модни комбинации да се подигнат на повисоко нив. Значи, сѐ е на страната на баретките, па затоа погледнете во продолжение во кои комбинации можете да ја додадете оваа „цреша на шлагот“!

1-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

1. Бела блуза + модерно здолниште + кожна јакна = совршена есенска модна комбинација која вклучува и баретка, а како резултат дава впечатлив, женствен изглед.

2-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

2. Французинките едноставно ја носат баретката со фустан кој околу струкот ќе го нагласат со каиш за опуштена варијанта.

3-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

3. Ако сакате рокерски стил, тогаш баретката сигурно ќе ја носите со кожни панталони или црни фармерки, а целата комбинација ќе ја надополните со блуза со натписи.

4-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

4. Кога ќе посакате да изгледате опуштено, но женствено, изберете впечатлив капут кој ќе ја „води“ целата комбинација. Тоа може да биде кожен, лакиран капут, а може да биде и капут со принт. Играјте си и не плашете се да експериментирате.

5-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

5. Доколку сте љубители на уличниот стил кои го имаат сестрите Олсен, тогаш вашата омилена баретка носете ја во слоевито и што е можно поопуштено издание. Голем, широк капут, широки фармерки… Само да ви биде удобно и топло.

6-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

6. А, доколку пак сакате нешто поженствено, еве еден предлог! Малку крзно, малку силни бои и подготвени сте да го освоите градот.

7-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

7. На крај, едно е сигурно – кога нема да знаете што да облечете, целосно црните модни комбинации никогаш нема да ве издадат.

8-baretkite-se-povtorno-vo-moda-a-nie-pronajdovme-odlichni-modni-kombinacii-so-koi-mozhete-da-gi-nosite-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате да бидете подготвени за оваа есен, тогаш погледнете ги новите трендови за оваа есен што целосно ќе ве освојат.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар