Барајте го она што ви треба од љубовната врска, без никакво извинување!

Сите знаеме дека добрата комуникација е тајната на успешните врски. Звучи едноставно, но во реалноста знае да биде многу тешко. Никој не знае со сигурност како треба да функционира една здрава љубовна врска. Сепак, постои една вистина која важи за сите парови. За да имате успешен однос со партнерот, мора да знаете како да си го побарате она што ви треба.

Барајте го она што ви треба од љубовната врска, без никакво извинување!

Некои жени по природа сакаат да им угодуваат на луѓето. Ова се случува бидејќи општеството, семејствата и сите останати ги учат девојчињата уште од мали нозе дека луѓето повеќе ќе ги ценат доколку ги потиснат сопствените потреби и желби на сметка на туѓите. Секако дека несебичноста, грижливоста и дарежливоста се прекрасни карактерни особини. Но, тие ќе ја изгубат нивната вредност, доколку почнете да им замерувате на другите луѓе што ја искористуваат вашата добрина. Како доаѓа до оваа ситуација?

Тоа се случува затоа што не им кажувате на луѓето што точно ви треба. Многу од девојките кои се несреќни во врските мора да признаат дека самите се виновни за тоа. Не можете да очекувате од вашиот партнер да ви ги чита мислите. Како би знаеле тие дека ви се спие и не сакате да излезете, дека ви треба прегратка или дека имате потреба за нешто што ви е многу важно?

Жените обично не се осмелуваат да ги искажат дури и нивните најосновни потреби и желби, бидејќи се плашат дека ќе остават впечаток на напорни и тешки. А мажите многу често го користат зборот „напорна“ кога опишуваат некоја девојка. Но, тоа само ја намалува вредноста на врската. Вашиот партнер треба да ги разбира и поддржува вашите потреби и желби. На пример, доколку вашиот потенцијален партнер не е сигурен дали сака да започнете сериозна врска, не треба тивко да чекате да се одлучи. Побарајте го она што ви треба и доколку не може да ви го овозможи тоа, подобро е да дознаете сега отколку 6 месеци подоцна.

Искажувањето на сопствените потреби во врската е тешко бидејќи на тој начин му давате шанса на партнерот да ви каже „не“, а тоа знае да повреди. Но, потребно е да ја покажете вашата ранливост, доколку сакате да остварите вистинска блискост.

Не е лесно да го побарате она што ви треба, но доколку со текот на времето оваа навика стане дел од вашата врска, ќе видите дека и двајцата можете да бидете среќни и задоволни како никогаш дотогаш.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар