Банана торта во чаша

Витамините од овошјето и слаткиот вкус на тортата се најдобра комбинација. Ви предлагаме тортичка во чаша која мошне лесно и брзо ќе ја подготвите како најдобар десерт после денешниот ручек. Овој рецепт е доказ дека не секогаш она што е вкусно бара многу енергија, време и специјални кулинарски способности.

Банана торта во чаша

Потребни состојки:
  • 30 г брашно
  • 50 г гранулиран шеќер
  • ¼ кафена лажичка прашок за печиво
  • Сосем малку цимет
  • Сосем малку сол
  • ½ презреана банана (изгмечена како пире)
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица пире од јаболко
  • 1 лажица јогурт разреден со млеко во однос 3:1
  • 1 жолчка од јајце
  • ¼ кафена лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица сечкани ореви
  • Парчиња банана

Банана торта во чаша

Начин на подготовка:

Во садот во кој ќе го сервирате десертот (одберете поширока стаклена чаша или шолја), измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, циметот и солта. Потоа додајте ги бананата, маслото, јаболковото пире, јогуртот, жолчката и екстрактот од ванила. Добро измешајте додека состојките не се соединат. Внимавајте брашното добро да се помеша со целата смеса и да не остане на дното од чашата.

Садот ставете го во микропечка на повисока температура и почекајте околу 3 минути. За декорација поросете со сечканите ореви и додајте неколку тенки парчиња банана. Сервирајте додека е топло.

Како предлог, откако ќе ја извадите од микропечка, тортичката може да ја полеете со млечен крем кој може да го приготвите на следниот начин: со виљушка измешајте 1 ½ лажица крем-сир и 4 лажици шеќер во прав.

Добар апетит!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар