Банана суши: Едноставен рецепт од 3 состојки што брзо се прошири низ светот

Суши во форма на десерт

Банана суши: Едноставен рецепт од 3 состојки што брзо се прошири низ светот

Потребни состојки:
  • 3 банани
  • Путер од кикирики
  • Темно чоколадо
Начин на подготовка:

Олупете ги бананите и со помош на нож, премачкајте ги со путерот од кикирики. Потоа ставете го темното чоколадо во мал сад и стопете го во микробранова печка. Доволни се 30 секунди за да се постигне оптималната густина. Откако ќе го стопите, внимателно нанесете го околу бананата, над путерот од кикирики. По желба, можете да попрскате сусам над чоколадниот прелив. Оставете го чоколадото да се стврдне околу 10-тина минути и потоа исечкајте ја бананата на мали крукчиња, да изгледаат како суши. Добар апетит.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар