Американска солена пита со пилешко и печурки

Брз и вкусен оброк за  кој било ден од неделата

Американска солена пита со пилешко и печурки

Потребни состојки:
  • 500 грама готово тесто
  • 3 пилешки гради, без кожа и коски
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 грама шампињони
  • 1 помала главица кромид, исечкана
  • 1 чешне лук, исечкано
  • 50 грама путер
  • 2 лажици брашно
  • 300 милилитри млеко
  • 200 милилитри пилешка супа
  • 1 јајце, изматено
  • Рендано морско оревче, прилагодете по вкус
  • Свежо мелен бел бибер
  • Прстофат сол
  • Една рака свеж магдонос
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава сипете маслиново масло и пржете го пилешкото додека не добие бела боја. Потоа додајте му ги шампињоните (исечкани на четвртини) и пржете сè додека пилешкото не зарумени. Извадете ги од тавата, а во неа додајте го лукот и кромидот. Пржете 2, 3 минути и потоа додадете ги врз пилешкото и шампињоните.

Стопете го путерот во друга тава, додајте брашно и мешајте 2, 3 минути на оган или сè додека не добиете изедначена смеса. Во еден сад, измешајте ја пилешката супа со млеко, па додајте ги оревите, солта и биберот. Потоа претурете ги врз смесата од брашно и мешајте сè додека не се изедначат. Оставете ја смесата да врие сè додека не се згусне, притоа постојано мешајќи ја. Прелијте го сосот преку печурките и пилешкото, а потоа додајте го и свежиот магдонос. Оставете да се олади.

Готовото тесто ставете го во калап и на краевите измачкајте го со јајцето, а потоа додадете ја смесата со печурки и пилешко и покријте го тестото. Премачкајте ја целата пита со јајце, направете мали отвори врз неа и ставете ја во рерна. Печете ја околу 20 до 25 минути.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар