Акупресура во 2 чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Акупресура во 2 чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Без разлика дали гадењето е предизвикано од бременост, морска болест или мамурлак, кога се чувствувате лошо сè што сакате е тоа чувство да исчезне. Лиценцираниот акупунктурист Пејџ Бураса, создала техника од 2 чекори која ќе ви помогне да се справите со секој вид гадење.

Акупресура во 2 чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Пејџ има лиценца за акупунктура и свое студио во Њујорк. Таа дизајнирала курс наречен Акупресура 101: Ослободување од болка во грбот, намалување на главоболката и анксиозноста во кој ја претставува древната кинеска техника – акупресурата. Таа советува како сами да се ослободите од болката и напнатоста, но споделува и неколку трикови за медитација и визуелизација кои ќе ви помогнат да станете најдобрата верзија од себе.

Акупресура во 2 чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Прво, нежно притиснете ја точката PC 6. Оваа точка се наоѓа над зглобот на вашата дланка. Држете го притисокот цела минута.

Акупресура во 2 чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Потоа, притиснете ја точката ST 36. Таа се наоѓа од страната на големата писка, под чашката на вашето колено. Нанесете нежен пулсирачки притисок на точката и држете 30 до 60 секунди.

Погледнете и кои се точките на вашето тело кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар