Ако вашиот сопруг ги прави овие работи, сте погодиле вистински џек-пот

Ако навистина сте го погодиле брачниот џек-пот, тогаш сигурно имате сопруг со мали навики што го прават вашиот заеднички живот навистина убав. Овие 10 работи спаѓаат овде, па ако ви звучат познато, вие сте навистина среќни.

ako-vashiot-soprug-gi-pravi-ovie-raboti-ste-pogodile-vistinski-dzek-pot-kafepauza.mk

1. Често ви кажува „Те сакам“

Овие зборови се лесни и едноставни, но во многу врски остануваат некажани. Ако вашиот сопруг често ве потсетува дека ве сака, тој е јасен за неговите чувства и не се плаши од нив.

2. Ја сака неговата мајка

Вашата свекрва е првата жена која вашиот сопруг ја сакал. Ако тој ја почитува и ја сака неговата мајка, тоа е добар показател дека исто ќе се однесува и со вас.

3. Сè уште флертува со вас

Флертувањето е знак дека вашиот сопруг сепак е млад во душата кога станува збор за неговата љубов. Ако сè уште прави работи кои ви предизвикуваат пеперутки во стомакот, сигурно ќе имате среќен брак.

4. Ве става на прво место

Штом ќе се посвети на вас, вашиот сопруг не треба да гледа назад. Ако никој во животот не му е поважен од вас, тој сигурно секогаш ќе биде овде кога ќе ви треба.

5. Ги прави досадните задачи забавни

Пред да се венчате сигурно сте слушнале како другите парови кажуваат дека сопружниците им го прават животот подобар. Сега кога вие го најдовте вашиот човек, сфативте дека биле во право! Дури и миењето садови може да биде забавно кога го правите тоа заедно.

6. Ве охрабрува да ги следите вашите соништа

Можеби сонувате за патување, одредена кариера или пак академски успех, но за што и да станува збор, вашиот господин е овде. Не само што ве подржува, тој и ве охрабрува.

7. Ве теши кога сте тажни

Без разлика дали сте добиле лоши вести, изморени сте од сè што треба да направите или пак имате проблем со самодовербата, вашиот сопруг треба да биде овде да ве расположи. Ако тој е вашиот главен извор на утеха, вие ќе бидете способни да поминете преку сè што животот ќе ви приреди.

8. Вреден е

Ако вашиот партнер вложува труд и енергија во сè што прави, честитки што најдовте вреден сопруг! Ова е навистина добра особина за лошите времиња и за периодите кога ќе треба многу да се работи на семејството.

9. Ве изненадува

Без разлика дали организирал спонтано патување, ви донел мал подарок, или ви направил појадок, вашиот прекрасен сопруг ја покажува неговата љубов преку овие изненадувања.

10. Ви дава комплименти

Ако ви дава комплименти за вашите достигнувања и е горд на вас, тој е одличен сопруг.

Ако оваа листа ве потсети на вашиот сопруг, вие сте се венчале со човек кој ви помага да го исполните животот со радост. Не заборавајте да ја вратите услугата и да ги правите истите работи за него.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот сопруг ќе биде одличен татко.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар