Ако вашето момче ги прави овие 4 работи, тој не е џентлмен, туку манипулатор

Постои верување дека џентлмените се изумрен вид, а доколку го погледнете изборот на мажи кои можете да ги запознаете во текот на едно просечно излегување, тоа верување ќе ви изгледа поприлично точно. Сепак, одвреме-навреме можете да налетате на некое момче со типични манири за џентлмен, но како можете да бидете сигурни дека сте пронашле вистински џентлмен, а не некој кој само многу добро ја глуми таа улога? Овие 4 работи откриваат дека момчето не е џентлмен, туку манипулатор!

1-ako-vasheto-momche-gi-pravi-ovie-4-raboti-toj-ne-e-dzhentlmen-tuku-manipulator-www.kafepauza.mk_

1. Опседнат е со правила, а не го интересира што вие мислите за нив

Вистинскиот џентлмен ќе посака да ја плати вечерата и да потрча да ви ја отвори вратата додека влегувате во автомобилот, а доколку го одбиете тоа, нема да се налути. Манипулаторот кој само сака да остави впечаток на голем џентлмен ќе реагира луто и ќе ве опомени заради фактот што не му дозволувате да покаже колкав џентлмен е. Ако е вистински џентлмен, не би требало да се оптоварува со тоа.

2. Претерува со комплиментите

Сите ние сакаме да слушнеме некој комплимент, но и тука постои граница, а вистинското момче ја знае и не претерува со нив. Вистинскиот џентлмен не претерува со комплиментите, а манипулаторот толку многу ќе ве опсипат со убави зборови што ќе ви стане неудобно. Лажни комплименти и лажни џентлемени се многу честа комбинација.

2-ako-vasheto-momche-gi-pravi-ovie-4-raboti-toj-ne-e-dzhentlmen-tuku-manipulator-www.kafepauza.mk_

3. Ги брои своите „добри дела“

Секоја жена барем еднаш налетала на маж кој мисли дека фактот што го платил вашиот пијалак е знак дека направил нешто големо за вас. Вистинскиот џентлмен прави убави работи, бидејќи тие му доаѓаат природно, а манипулаторот од своите добри дела создава јадица која би требало да го однесе во вашиот кревет.

4. Пристоен е само кон вас

Најдобар начин да препознаете лажен џентлмен е да погледнете како се однесува кон другите луѓе кои не се обидува да ги импресионира. Манипулаторите честопати се толку фокусирани на метата што забораваат да глумат кога се во прашање другите луѓе. Ако е прекрасен кон вас, а безобразен кон келнерот, само е прашање на време кога ќе стане безобразен и со вас.

Дали ви е познато она непријатно чувство кога ќе сфатите дека некој манипулира со вас? За да не се повтори, погледнете кои знаци откриваат дека ве заробил емоционален манипулатор.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар