Ако тој ви каже дека не ве заслужува, верувајте му!

Почетокот на секоја љубовна врска е прекрасен и не може да се спореди со ништо друго на светот. Деновите се исполнети со слатки шепоти, милозвучни зборови и нереалистични комплименти.

Но, сѐ што е убаво трае кратко, па така и на оваа љубовна фаза од врската евентуално ќе ѝ дојде крајот и сите оние слатки бесмислени работи што сте си ги кажувале ќе бидат доведени до голем знак прашалник.

Ако тој ви каже дека не ве заслужува, верувајте му!

Некои од оние романтични работи што ви ги кажува вашиот сакан може да се знак дека нешто не е во ред помеѓу вас двајца. Сигурно досега сте ја слушнале реченицата „Јас не те заслужувам“. Звучи романтично, нели? Но, со текот на времето ќе сфатите дека тоа навистина е така. Кога маж ќе ви каже дека не ве заслужува, тоа всушност значи дека не сака да биде со вас. Можеби звучи сурово, но тоа е вистината.

Доколку постојано го гледате светот низ розови очила веројатно нема да го препознаете овој скриен мотив. Но, ако вашиот партнер постојано ви кажува работи од типот „Предобра си за мене“, „Не треба да си со мене“, тогаш верувајте дека тој ви ја кажува вистината.

Првичниот инстинкт сигурно ви вели да се спротивставите и на сладок начин да му одговорите дека тој е токму вистинскиот човек што ви треба. Мислите дека сте толку прекрасни што тој се чувствува лошо и сакате да го наполните со самодоверба. Звучи романтично, но не се работи за тоа.

Ова обично се случува кога вие сакате врска, а и тој мислел дека го сака истото, но по неколку месеци сфатил дека тоа не е случајот и се обидел да се извлече на учтив начин. Природната реакција е да се обидете да му го подобрите расположението и да го уверите дека навистина сакате да бидете со него. Но, тоа никогаш не го дава очекуваниот резултат и врската сепак завршува.

Во никој случај не смеете да ја форсирате врската и секогаш кога некој ќе ви каже дека не ве заслужува, согласете се. Понекогаш, тоа ја менува ситуацијата за 180 степени и одеднаш момчето сфаќа дека всушност навистина сака да биде со вас, но понекогаш не се случува тоа. Како и да е, нема сомнеж дека ќе се чувствувате подобро и посилно кога ќе се ослободите од „обврската“ да убедувате некого дека треба да биде со вас.

Нема ништо страшно во тоа да останете сами. Најважно е да сте задоволни од самите себе и никогаш да не заборавате колку вредите!


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар