Ако тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладени

Без разлика дали признаваат или не, поголемиот дел од луѓето можат да почувствуваат кога се гледа крајот на љубовната врска. Во воздухот владее некоја тензија предизвикана од неизречени зборови, презир и целосна незаинтересираност за партнерот. Веројатноста е дека веќе се случиле барем една или две големи караници и врската е на чекор пред распад. Но, постои еден мал суптилен знак што многумина го пропуштаат, а се јавува многу порано од почетокот на очигледното распаѓање на врската. Станува збор за еден многу индиректен знак кој на прв поглед делува како нешто позитивно. Природно е да се помисли дека намалениот број на конфликти е добар знак дека проблемите почнале да се решаваат, нели? Па, не баш. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…

Ако тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладени

Недостатокот на караници е знак дека не постои комуникација

Сосема возможно е да дојде до караница која нема да биде придружена со солзи, викање и тензија. Освен тоа, нормално е да постојат проблеми во врската. Доколку вашите потреби не се задоволени, треба да кажете нешто. Сѐ додека конфликтите не подразбираат викање и трескање врати, веројатноста е дека вие само комуницирате на зрел и нормален начин. На пример, доколку се карате за тоа каде да одите на вечера, веројатно никој нема да биде повреден, но тоа ќе ви помогне подобро да ја разберете перцепцијата на вашиот партнер. Кога ќе престанеме да го објаснуваме нашиот поглед на работите или кога ќе престанеме гласно да кажуваме што ни пречи, тоа значи дека постои проблем. Ненадејната тишина може да ве наведе да помислите дека врската е на добар пат кога всушност се случува токму спротивното.

Ако тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладени

Молкот на вашиот партнер е знак дека тој се откажал од врската

Кога караниците ќе престанат, тоа е знак дека партнерот кренал раце од врската. Тој знае дека и онака нема да го сослушате, па затоа премолчува. Знае дека на крајот вие или ќе почнете да го навредувате или да плачете, па затоа не гледа поента во карањето. И онака не очекува дека нешто ќе се смени. Партнерот кој не сака повеќе да се расправа, всушност почнува да планира како да ја прекине врската. Тој се оддалечува бидејќи не сака повеќе да ви дава можност да го повредувате или одбивате. Со други зборови, тој емоционално се повлекува за да собере сила да ве напушти. Тој се затвора во себе, а тоа е знак дека врската е пред раскинување.

Партнерот кој смета дека вреди да се бори за врската, ќе продолжи да се бори. Ќе направи сѐ што може за да го сослушате, да се освестите и да одговорите на неговите потреби. Доколку сите обиди за карање престанале, очигледно е дека тој престанал да се грижи за тоа во која насока ќе отиде врската.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар