Ако сакате полесно да ослабете, тогаш…

Покрај здрав режим на исхрана, потребно е да ги промените и секојдневните навики, доколку сакате полесно да ги намалите килограмите. Некои се помалку, некои повеќе познати. Прочитајте за нив во продолжение.

Ако сакате полесно да ослабете, тогаш...

Ден без месо

Пробајте барем еден ден во неделата да не јадете месо. Со ова не внесувате многу од мастите, кои потоа тешко се отстрануваат. Покрај ова, препорачливо е и помало консумирање на млечни производи. Тоа ќе ве натера да побарате поздрави варијанти на млеко и млечни производи, чиј вкус пријатно ќе ве изненади. На пример, пробајте бадемово млеко.

Џвакајте бавно

Јадете со мера и џвакајте бавно. Оној момент кога веќе не чувствувате глад, престанете со јадење. Можеби потоа ќе ви се пријаде за кратко време, но затоа ќе си направите здрава ужина.

Подготвувајте си ужини

Кога подолго време од денот не сте дома, најдобро е рано наутро да си припремите здрава ужина. На овој начин, нема да мора да посегнувате по брза храна, нема да чувствувате глад и ќе внесувате помалку калории.

Не јадете пред телевизор

Ова е строго забрането доколку сакате да симнете некое килце. Добра серија, чипс, Кока-кола – лоша комбинација што само значи внесување огромен број калории без воопшто и да забележите. Затоа, заборавете на ваквата навика или ако толку не можете да одолеете, барем одберете пониско калорична храна и пијалак.

Вежбајте дома

Доколку немате време и сила да одите на професионални тренинзи, тогаш побарајте некои видеа на интернет и вежбајте во домашна атмосфера. Ќе си одберете тренинг кој вам најмногу ви одговара и ќе уживате додека слабеете.

Гледајте помалку телевизија

Наместо да киснете пред телевизор, потрудете се да правите нешто корисно и различно. На пример, учете јазик, чистете, читајте книга или направете некое вкусно здраво јадење. Навистина, има многу поинтересни активности што може да ги направите, само ако се одлучите.

Пијте повеќе вода

За крај, доколку сакате да ја намалите тежината полесно, треба да внимавате на дневното количество вода кое го внесувате во организмот. Препорачаната мерка е шест до осум чаши вода дневно. Па, практикувајте ја ваквата навика за поздрав живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Ficho:) Reply

    Tocno, primenuvajte gi pravilava, bi vi preporacal da gi simnete INSANITY vezbite besplatno preku torent(vo Amerika se plakjaat okolu $40) no ne preteruvajte gurajte kolku custvuvate deka mozete i za nekolku meseci 23kg vo minus kje bidete (dokazano :)) Pozdrav :).

Остави коментар