Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе: 13 мудрости за потешкотиите во животот

Сите сме поминале некогаш низ тежок период во животот. Но, факт е дека некои луѓе подобро се соочуваат со животните предизвици за разлика од другите. Каде лежи нивната тајна? Експертите веруваат дека сѐ зависи од вашиот став кон она што ви се случува. Имајте ги на ум следниве 13 совети кога ќе наидете на големи пречки на патот и ќе посакате да се откажете…

Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе: 13 мудрости за потешкотиите во животот

1. Тоа е-што е

Постои една позната будистичка изрека која гласи: „Вашиот отпор е она што лежи во коренот на вашето страдање“. Тоа значи дека страдаме тогаш кога одбиваме да прифатиме како стојат работите. Ако можете да промените нешто, направете го тоа. Но, ако не можете ништо да направите, тогаш имате само две опции: Прифатете ја ситуацијата и ослободете се од негативните емоции или страдајте долг период.

2. Проблемот е проблем само кога мислите дека е проблем

Честопати ние самите сме си најголемите непријатели. Среќата зависи од погледот кон работите. Ако самите си создадете проблем, ќе бидете полни со негативни емоции и мисли. Но, ако наместо тоа помислите на лекциите што можете да ги научите од ситуацијата во која се наоѓате, одеднаш ќе ви се чини дека не постои вистински проблем.

3. Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе

Работите со кои се соочувате во надворешниот свет се одраз на вашите чувства и ставови однатре. Сигурно познавате луѓе чии животи се хаотични и стресни. Мислите дека сето тоа е случајно? Ние обично мислиме дека промената на околностите има влијание на нас. Но, се случува токму спротивното: Кога ние се менуваме однатре, тогаш се менуваат и нашите околности.

4. Не постои неуспех. Сѐ што се случува нуди можност за учење нови работи

Време е да го исфрлите зборот „неуспех“ од вашиот речник. Сите историски личности кои постигнале нешто значајно, доживеале многу несреќи пред да го дочекаат успехот.

„Ниту еднаш не сум доживеал неуспех додека се обидував да ја измислам сијалицата. Открив 99 различни начини на кои таа не функционираше.“ – Томас Едисон

Научете нешто од вашите таканаречени неуспеси. На тој начин ќе научите како да ги исправите грешките и да станете подобри.

Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе: 13 мудрости за потешкотиите во животот

5. Ако не сте го добиле она што сте го сакале, тоа значи дека нешто подобро ве чека понатаму на патот

Понекогаш тешко е да се поверува во ова, но вистина е. Ако се сетите на кој било период од вашиот живот, веројатно ќе забележите дека сите добри работи ви се случиле дури откако нештата тргнале наопаку. Можеби не сте ја добиле работата што сте ја посакувале за да можете да останете со вашето семејство. Верувајте дека сѐ се случува со причина.

6. Ценете ја сегашноста

Секој момент од вашиот живот е драгоцен и никогаш нема да добиете втора шанса одново да го преживеете. Немојте да го пропуштите! Сеќавањата ќе ви останат засекогаш. Можеби еден ден ќе чувствувате носталгија поради сите оние мигови во кои сте ја пропуштиле забавата.

7. Ослободете ги вашите желби

Поголемиот дел од луѓето живеат во ментална состојба која психолозите ја нарекуваат „врзан ум“. Тоа значи дека му придаваат големо значење на остварувањето на нивните желби, а кога нема да го добијат она што го сакаат, негативните мисли завладуваат со нивниот ум. Многу е подобро да имате „слободен ум“. Тогаш ќе бидете среќни без разлика дали сте го добиле она што сте го сакале или не. Во ваков случај, емоционалната состојба е или неутрална или позитивна, но никогаш негативна.

8. Разберете ги вашите стравови и бидете благодарни за нив

Стравот може да биде прекрасен учител. Ако ги совладате вашите стравови, ќе можете да ѝ се приближите на победата. На пример, доколку имате страв од јавно говорење, гледајте што е можно почесто да се ставате себеси во такви ситуации. Ви треба само вежбање за да ги совладате вашите стравови. Стравот е илузија.

Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе: 13 мудрости за потешкотиите во животот

9. Дозволете си себеси да почувствувате радост

Верувале или не, постојат премногу луѓе кои никогаш не си дозволуваат да се забавуваат. Тие не знаат како да бидат среќни. Некои од нив се толку многу сконцентрирани на сопствените проблеми и хаотични мисли што немаат поим како да живеат без сите тие негативни делови од нивната личност. Обидете се да пронаоѓате забава во што и да правите. Многу е важно да обрнете внимание на среќата, а не на потешкотиите.

10 Немојте да се споредувате со другите

Ако веќе морате да се споредувате со некого, тоа би требало да го правите само со луѓето кои се полоши од вас. Не функционира така? Тогаш бидете благодарни што ги имате работите кои се потребни за живот. Голем дел од луѓето ширум светот немаат апсолутно ништо. Депресивни сте поради вашиот изглед? Повеќето луѓе не се супер модели, а постои голема веројатност дека сте попривлечни од многу други. Сосредоточете се на тоа.

11. Не сте жртви

Жртви сте само на сопствените мисли, зборови и дела. Самите сте одговорни за сопствените искуства. Прифатете ја одговорноста и сфатете дека можете да ги совладате сите пречки кои ќе ви се најдат на патот. Почнете со тоа што ќе ги прилагодите вашите мисли и начинот на кој дејствувате. Отфрлете го мислењето дека сте жртви и станете победници.

12. Можете да промените сѐ што ќе посакате

Сѐ ќе помине. Нормално е тоа што кога ќе ви се случи нешто лошо, мислите дека нема излез. Мислите дека никогаш ништо нема да се промени. Но, знаете што? Ништо не трае вечно! Отфрлете го размислувањето дека сте заглавени, бидејќи не сте. Меѓутоа, мора да преземете нешто за да ја промените ситуацијата, бидејќи таа нема да се реши сама магично.

13. Сѐ е возможно

Секој ден се случуваат чуда. Можеби тешко ви е да поверувате во тоа, но постојат толку многу позитивни работи кои им се случуваат на обичните луѓе како што сте вие. Кога ќе станете свесни за ова, ќе можете да ги добиете сите животни битки.

Прочитајте ги и овие 7 позитивни животни совети кои ќе ви ја подобрат сегашноста.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар