Ако одговорите со „ДА“ на само едно од овие 7 прашања, вие сте успешни и среќни во животот

Парите доаѓаат и си заминуваат, но чувствата остануваат со нас засекогаш, особено кога тоа се емоции кои ги чувствувате кон себе. Понекогаш споредувањето може да биде корисно, но никако кога е во прашање вашето чувство на задоволство и исполнетост. Затоа престанете да се споредувате со другите и фокусирајте се на себе. Обрнете внимание на овие знаци, бидејќи тие покажуваат дека сте успешни во животот, иако можеби моментално не ви изгледа така.

1-ako-odgovorite-so-da-na-samo-edno-od-ovie-7-prashanja-mozhe-da-kazhete-deka-ste-uspeshni-i-srekjni-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

1. Дали имам блиски пријатели?

Блиските пријателства се навистина ретки. Едно истражување покажало дека бројот на пријатели со кои луѓето може да зборуваат за важни и интимни работи паднал од 2,94 на 2,08 во последните 20 години. Ако имате 2 или 3 блиски пријатели, прилично сте среќни. Не само што тие го прават вашиот општествен живот побогат, туку имаат и позитивен ефект врз здравјето и долговечноста.

2. Дали можам да ги избирам луѓето кои ме опкружуваат?

Некои луѓе имаат шефови кои ги полудуваат. Други – муштерии од пеколот. А, трети пак се опкружени со себични луѓе. Меѓутоа, тие самите ги избрале тие луѓе. Тие се во нивниот професионален и личен живот, бидејќи самите им дозволиле да останат таму. Успешните луѓе привлекуваат успешни луѓе. Вредните луѓе привлекуваат вредни луѓе. Добрите луѓе сакаат да бидат опкружени со добри луѓе. Сјајните работници сакаат да работат за сјајни шефови. Ако сте опкружени со луѓето со кои сакате да бидете опкружени, прилично сте успешни.

3-ako-odgovorite-so-da-na-samo-edno-od-ovie-7-prashanja-mozhe-da-kazhete-deka-ste-uspeshni-i-srekjni-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

3. Дали имам доволно пари за да направам позитивна промена?

Многу луѓе живеат од плата до плата, па често заради недостаток на пари мораат да избираат помеѓу важните работи. Ако заработувате доволно пари, и не трошите многу, тогаш можете да направите позитивни промени, а со самото тоа сте поуспешни отколку што мислите.

4. Дали неуспехот за мене е само тренинг?

Никој не сака неуспех, но тоа е одличен начин да научите важни лекции и да станете подобра личност. Секогаш ќе има искушенија и препреки, но на крајот, упорноста секогаш победува. Секоја успешна личност имала безброј неуспеси зад себе. Ако го прифатите секој неуспех, ако научите нешто од него и преземете одговорност за никогаш повеќе да не се случи, тогаш сте успешна личност.

5. Дали сакам да давам?

Луѓето може да се поделат во 3 основни групи – оние кои земаат, оние кои поврзуваат и оние кои даваат. Не би требало да биде изненадување дека успешните луѓе повеќе сакаат да даваат отколку да земаат. Тие прифаќаат помош доколку им се понуди, но немаат потреба да ја побараат, бидејќи им е подобро ќе се фокусираат на тоа што можат да ги направат за другите луѓе.

2-ako-odgovorite-so-da-na-samo-edno-od-ovie-7-prashanja-mozhe-da-kazhete-deka-ste-uspeshni-i-srekjni-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

6. Дали ги ставам другите луѓе во фокус?

Ако не барате пофалба од другите, тоа е знак дека сте успешни. Тоа покажува дека сте горди со себе таму каде што е важно. Вашата среќа доаѓа од успехот на другите луѓе. Не ви е потребна слава, бидејќи знаете што сѐ сте постигнале.

7. Дали знаете која е вашата цел?

Успешните луѓе имаат цел и заради тоа се успешни, посветени, страсни и бестрашни. И што е најважно, сето ова го делат со другите. Ако сте ја пронашле вашата цел, ако сте откриле што ве возбудува, што ви дава енергија за наутро да скокнете од креветот, тогаш сте успешни – без разлика на тоа колку заработувате или што другите луѓе мислат за вас.

Животот ни дава онолку шанси колку што ние самите посакуваме, а овие животни шанси никако не смеете да ги пропуштите.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар