Ако ги поседувате следниве карактеристики, мажите може да помислат дека немаат шанси кај вас

Сигурно сте чуле како некој ваш пријател, колега или роднина вели „Немам шанси кај неа, таа е предобра за мене“. И момците и девојките понекогаш се чувствуваат на овој начин, но кога станува збор за мажите, сигурно сте се запрашале кои карактеристики треба да ги поседува жената за тие да помислат дека немаат шанси кај неа. Ако сте сингл подолго време, а не знаете зошто, погледнете дали поседувате некои од следниве карактеристики, бидејќи момците можеби не ви пристапуваат затоа што мислат дека сте предобри за нив…

Ако ги поседувате следниве карактеристики, мажите може да помислат дека немаат шанси кај вас

Имате многу опции

Доколку многу момци ве поканиле да излезете, но вие сте ги одбиле сите, тогаш постојат големи шанси дека токму тој што вам ви се допаѓа нема да се осмели да ви пристапи, бидејќи не би сакал да биде одбиен. Дури и да флертувате со него, тој ќе си помисли дека тоа го правите со сите и не би сакал да ризикува да биде посрамен. Во ваков случај можеби најдобро е вие да го преземете ризикот и отворено да му кажете како се чувствувате.

Навистина ви се допаѓа, но тој е многу несигурен во себе

Момците кои имаат многу ниско мислење за себе мислат дека сите девојки се предобри за нив и не им се верува дека можат некому навистина да му се допаднат. Доколку отворено им кажете дека сте заинтересирани за нив, тие ќе помислат дека имате задни намери и дека сакате да ги искористите за нешто. Не можете да им помогнете на ваквите момци. Тие прво мора да поработат на себе и да си ги решат сопствените проблеми. А и сигурни сме дека не би сакале партнер со толку ниска самодоверба.

Не сте здодевни

Обично момците се тие кои ја носат забавата со себе, кажуваат шеги и оставаат впечаток на интересни луѓе. Но, ако вие имате подобра смисла за хумор од него, раскажувате интересни приказни и привлекувате сечие внимание благодарение на вашите комуникативни вештини, тој може да ве смета за најинтересната личност што постои на светот, па затоа и најверојатно ќе се чувствува загрозено во ваша близина и нема да се осмели да ви пријде дури и да му се допаѓате.

Убаво изгледате и имате цврст карактер

Доколку вие изгледате прекрасно, имате добра смисла за хумор, добар карактер, друштвени сте, лесно се спријателувате со нови луѓе, интелигентни сте и успешни, мажите кои се сметаат себеси за просечни нема да знаат како да излезат на крај со вас. Ако тој има просечна работа, нема многу пријатели, не се смета за особено паметен и не е во добра физичка форма, никогаш нема да може да разбере зошто девојка како вас се заинтересирала за него и овој сомнеж нема да му дозволи да преземе нешто во врска со вас двајца.

Ако ги поседувате следниве карактеристики, мажите може да помислат дека немаат шанси кај вас

Поуспешни сте од него финансиски

Девојките кои добро заработуваат, имаат висока функција, си ја обожаваат работата, знаат што сакаат и секогаш се многу мотивирани и амбициозни претставуваат закана за мажите со послаб карактер. Тие секогаш ќе ви се восхитуваат поради овие карактеристики, но и ќе се чувствуваат загрозено во ваша близина. Нивната несигурност ќе ве качи на многу повисок пиедестал од нивниот и тие ќе помислат дека сте предобри за нив. Овие мажи треба да сфатат дека и вие сте човечко суштество со свои проблеми, несигурности и недостатоци исто како и сите останати. За жал, вие нема да можете да му помогнете, туку тој самиот ќе треба да дојде до тоа сознание.

Имате добра репутација

Ако повеќето луѓе ве сметаат за прекрасна девојка која секој би посакал да ја има, постојат големи шанси дека ве бие глас на „тешка“ девојка и никој не се осмелува да ви пријде. Можеби токму на дечкото што вам ви се допаѓа сите му велат дека сте предобри за него и дека нема шанси да излезете заедно. Тој дури и да сакал да ви го покаже неговиот интерес, по ваквите разговори најверојатно се обесхрабрил.

Имате заедничко хоби, но вие сте подобри од него во тоа

Мажите обожаваат конкуренција, но не и кога се работи за нивната девојка. Ова особено важи за работите што се сметаат за „машки“. И двајцата обожавате видео игри и тоа е прекрасно, сѐ додека не му покажете дека вие сте подобри од него во неговата омилена видео игра. Ова важи и за кој било спорт. Дали сте подобри од него во фудбал, тенис или сте го надминале неговиот рекорд во трчање? Овие работи многу влијаат на машката самодоверба и момците почнуваат да мислат дека не се доволно добри за вас.

Доколку се наоѓате во ваква ситуација, никако немојте да се претставувате како помалку успешни, паметни или забавни само за некој маж да се чувствува добро во врска со себе. Треба да знаете дека неговите проблеми со самодовербата немаат никаква врска со вас и не сте должни вие да ги решавате. Најдете партнер кој нема да се чувствува загрозен покрај вас, туку горд на тоа што има толку прекрасна и реализирана девојка.

Во продолжение прочитајте како изгледа љубовниот живот на амбициозните девојки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар