90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергија

Не можете да го издржите денот без три или повеќе шолји кафе? Тогаш време е да најдете нов извор на енергија. Токму затоа ви го предложуваме овој 90-секунден трик кој со сигурност ќе ви помогне да го победите вашиот умор и кој без сомнение ќе ви помогне да можете да го издржите целиот ден без притоа да пиете голема количина кафе.

90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергија

Сè што треба да направите е да влезете утрото под туш и да ги следите следниве инструкции:

1. Наместете го тушот на што е можно поладна вода (колку што можете да поднесете) и полевајте се со неа 30 секунди. На почетокот можно е водата да ви биде неподносливо студена, но брзо ќе се навикнете.

2. По првите 30 секунди, наместете го тушот на врела вода и полевајте се со неа во следните 30 секунди. Врелата вода ќе ги прошири вашите капилари и ќе ја подобри циркулацијата ширум целото тело.

3. За крај, повторно вратете ја студената вода и издржете под неа уште 30 секунди. Откако ќе завршите вие не само што ќе бидете целосно расонети, туку ќе бидете подготвени и за сите предизвици кои ви ги носи новиот ден. Овој метод ќе ви помогне да бидете помалку под стрес, ќе го подобри вашиот имунитет и ќе ја зголеми способноста на вашиот организам да ги согорува маснотиите. Исто така вие ќе имате и многу подобро расположение.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар