9 знаци дека вашето момче е создадено за сопруг

Секоја врска има своја максимална точка од која или се оди нанапред кон брак, или наназад, односно врската го доживува својот крај. Жените никогаш не се сосема сигурни во својот избор, но постојат нешта што укажуваат дека нивното момче е токму оној вистинскиот „материјал“ за брак.

9 знаци дека вашето момче е создадено за сопруг

Господинот „совршен“ постои, но неопходно е да го препознаете. Погледнете кои особини треба да ги има вашиот партнер за да знаете дали треба да размислувате за брак или да се откажете на време. Доколку ги поседува следниве карактеристики, не е потребно да размислувате и да се двоумите повеќе.

Нема ништо против вашите слатки гревови

Мажот кој кога ќе дојде дома од работа и ве наоѓа како задоволно се излежувате и јадете чоколадо, колачи или гумени бонбони, а потоа само ќе ви се насмевне и ќе ви каже дека ги сака вашите облини, е вистински материјал за сопруг. Тој навистина ве гледа токму вас, а не тие неколку килограми плус.

Се фали со вас на секој чекор

Спротивно на мажите кои своите партнерки ги кријат од сите, добриот маж ќе се фали со вас на секој чекор. Тој со задоволство ќе им зборува за вас на своите родители, пријатели, соседи и на колегите на работа, и тоа исклучиво во суперлатив. Се разбира дека сето тоа го прави затоа што мисли дека сте прекрасни, умни, способни и талентирани, а тоа сака да го сподели и со другите.

Ги сака вашите миленици

Тој го сака вашето домашно милениче или барем се однесува како да го сака или едноставно не се жали од него. Напротив тој често се нуди да го чува и негува, а не се жали ни поради влакната на својата облека, иако можеби мрази влакна од кој било вид. Таков маж е добар „материјал за сопруг“, бидејќи тој свесно одбира да биде толерантен и тоа само затоа што ве сака. Тој едноставно разбира дека вие го сакате своето милениче, па затоа и тој го прифаќа тоа како сосема нормална работа.

Добро се носи со вашите напади на лудило

Понекогаш на жената ѝ се случува да „полуди“ и да почне да му клука во мозок на својот партнер. Тоа вклучува и неоправдано викање, плачење и обвинување. Мажот кој би бил добар сопруг ќе разбере дека во тој момент всушност сте ранливи, уплашени или напнати, па затоа ќе ве сослуша, ќе ве прегрне и ќе ве смири.

Ќе се согласи да прави некои работи кои не му се омилени

Ќе дојде со вас кога ќе одите да си купите фармерки и притоа ќе влезе во петнаесет продавници сè додека не ги пронајдете оние кои ви одговараат. Исто така ќе се согласи да ве одведе вас и вашата мајка на фризер и трпеливо ќе ве чека. Тој ќе прави уште многу слични нешта и покрај тоа што не му се во најомилените, а тоа е така, бидејќи ве сака и затоа што дефинитивно е создаден за совршен маж.

Сака да ви угоди во кревет

Можеби на почетокот и не бил баш најдобар љубовник, но подоцна забележувате дека прави некои работи кои ги обожувате. Тоа всушност значи дека го слушал секој ваш совет, запаметил на што сте реагирале добро и на што сте испуштале слатки воздишки, а се сеќава и на разговорот кога сте ги споделувале сексуалните фантазии. Ова е исклучително важна ставка, бидејќи сексуалното сложување е неопходно за добра врска, а воедно и за брак.

Не е љубоморен

На младите девојки понекогаш љубомората им е привлечна карактеристика, бидејќи мислат дека таа е показател колку нивниот партнер ги сака. Меѓутоа љубомората е опасна работа која ја подјадува врската и од животот може да ви направи пекол. Освен тоа таа покажува дека мажот всушност не е сигурен во себе. Мажот кој е добар за вас знае дека вие не сте ослепеле откога сте во врска со него и дека нема проблем со тоа што понекогаш ќе погледнете во некој згоден фраер, туку тој ве сака и ви верува.

Свесен е дека не сте „залепени со супер лепило“

Мажот кој е добар за сопруг знае дека вие двајца не сте сијамски близнаци, туку дека сте две одвоени личности кои имаат свои пријатели, интереси и желби и надвор од врската. Тоа значи дека нему му е дозволено да се занимава со оние работи што му причинуваат задоволство, а и вам ви е дозволено да го правите она што ве исполнува. Некои тоа не можат да го разберат, па во врската се јавуваат проблеми, но вистинскиот маж знае дека нема ништо лошо во тоа што вие честопати пиете кафе со пријателките и понекогаш излегувате без него. Тоа е така бидејќи тој ве сака и ве почитува како личност.

Знае квалитетно да се скара

Некои мажи во текот на караниците задаваат ниски удари. Тоа никако не е добар знак. Ако забележите дека вашиот партнер знае квалитетно да се кара, поточно знае да се заземе за себе, но истовремено ве почитува и вас, тогаш не испуштајте го, бидејќи тоа е многу ретка карактеристика.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар