9 знаци дека сте во врска со зрела и возрасна жена

Ако имате ваква жена покрај вас, чувајте ја! Ретко се наоѓа зрела и возрасна личност што е спремна да даде сè за љубовта на својот живот, додека истовремено и се грижи за себе, не дозволувајќи си да се изгуби во врската. Ако ја пронајдете вашата поубава половина во следниве знаци, тогаш дефинитивно сте едни од најсреќните луѓе на планетава.

9 знаци дека сте во врска со зрела и возрасна жена

1. Таа има живот и без вас

Таа знае која е и што сака, и нема да заборави на овие нешта штом ќе започне нова врска. Да, вие ѝ значите повеќе од сè останато во нејзиниот живот, но тоа не значи дека ќе престане да постои ако не сте заедно. Таа не се губи во вашата врска, бидејќи е здрава индивидуа со сопствени желби и интереси.

2. Таа не ги крие своите чувства

Таа ќе ви каже кога нешто не е во ред и никогаш нема да се однесува како работите да се одлични ако има проблем. Исто така знае дека нејзините чувствува не се погрешни, туку дека се едноставно нејзини. И понекогаш, да, тие може да се и нелогични, но тоа не значи дека не треба да ги чувствува или дека треба да ги скрие. Затоа и никогаш нема да се извини за нив, и ќе почне разговор во истиот момент штом ги почувствува.

3. Таа не се грижи со кој сте пријатели на социјалните мрежи

Дури и да ве следи најубавата девојка во Македонија и пошироко, таа воопшто не се грижи за тоа. Бидејќи вашата поврзаност е во реалноста, а тоа е најважното нешто за неа, таа нема никаков проблем со „врските“ што ги имате на социјалните мрежи. Да, одвреме-навреме можеби ќе објави слатка слика со вас, но тоа не може ни да се мери со заедничките моменти кои ги поминувате еден до друг.

4. Таа секогаш ја кажува вистината

Дури и кога боли, таа нема да ве излаже само за да се заштити себеси или пак, за да ве заштити вас. Таа знае дека искреноста води кон доверба и само навистина зрелите и возрасни жени не би ризикувале ништо за да го постигнат тоа.

5. Таа неизмерно ви верува

Таа верува дека ако не ве лаже, истото ќе го направите и вие. Исто така верува во вас бидејќи е самоуверена во својата врска. Тоа значи дека нема потреба постојано да ве прашува со кого се допишувате, ниту пак да ви „буричка“ по телефонот додека сте во тоалетот. Ако имате нешто да споделите со неа, таа среќно ќе ве сослуша, но ако сакате да зачувате нешто за себе, ќе ја почитува вашата приватност.

6. Таа самата се грижи за себе

Без разлика на тоа колку време минувате заедно, таа никогаш нема да заборави на својата добросостојба, физичка или ментална. Таа знае дека мора постојано да работи на себе и не се плаши од трудот што треба да го вложи.

7. Таа не се плаши да побара помош кога има потреба од тоа

Таа е независна и силна, но исто така е и човек. Не ѝ е тешко да признае, ниту пак се срами од тоа дека и неа понекогаш ѝ е потребна помош. Таа се потпира на оние што ги сака бидејќи знае дека ќе ја подржат во сè. Не се плаши ни директно да побара помош од вас, бидејќи е доволно паметна да знае дека за тоа е потребна сила и храброст, а не слабост.

8. Таа признава кога греши

Како и секој друг човек на планетава, така и таа одвреме-навреме ќе направи по некоја грешка. Но разликата е во тоа што ќе ја признае и ќе биде подготвена да се соочи со последиците. Исто така и ќе се погрижи никогаш повторно да не ѝ се повтори истата грешка.

9. Таа прави да се чувствувате сакано

Вие никогаш нема да треба да се посомневате дали таа навистина ве сака или не. Зрелата жена ќе ви ја подари сета својата љубов, затоа што не знае како да даде нешто помалку од сè.

Прочитајте ги и овие 10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар