9 животни поуки кои ги научивме во претшколска возраст

Ах, забавиште. Навраќање на времето кога бевме само палави, весели деца со огромна имагинација и уште поголеми срца, кои трчаат наоколу без никакви грижи. Кога бевме во забавиште нашата најголема грижа беше што требаше да ги делиме играчките за време на часовите предвидени за игра или да одлучиме дали домашната задача ќе му ја дадеме на тато или на мама.

9 животни поуки кои ги научивме во претшколска возраст

Иако се чини дека малите дечиња во локалното забавиште се таму само да си играат, всушност тие учат фундаментални вештини кои подоцна ќе им помогнат да преживеат во суровиот свет.

Добро, можеби не учат како да плаќаат данок или како да напишат биографија, но сепак учат важни вештини кои ќе им бидат од голема помош во иднина.

1. Во забавиште тимската работа е задолжителна

Оваа вештина се учи уште од најрана возраст, па можеби и не сме свесни дека е важна. Во забавиште секогаш има активности кои побаруваат малите деца да работат заедно со цел да ја завршат задачата брзо и ефикасно. Замислете некое дете да мораше само да ја средува собата со играчки.

2. Секогаш моравме да размислуваме „надвор од кутијата“

Ако претставите проблем пред дете од претшколска возраст и просечен бизнисмен, и од нив побарате да го решат, секако детето со својата имагинација ќе изнајде нереално и непрактично решение.

Но токму тоа му треба на светот, креативност. Црно-белото размислување и размислувањето „во рамките на кутијата“ никогаш не резултира со нови идеи. Најлудите и најкреативните луѓе се тие кои можат да направат промена во општеството.

3. Однесувајте се кон другите како што сакате тие да се однесуваат кон вас

Колку пати во животот сте го слушнале ова? Секој сака да биде почитуван и ценет. Но ако вие не се однесувате љубезно и со почит кон луѓето, тоа ќе значи дека вашите колеги, љубени, пријатели и роднини ќе бидат несреќни. Тимската игра е клучна за успешен бизнис, а секако и за успешна љубовна врска. Таа подразбира взаемна почит и разбирање.

4. Комуникацијата е тајната на секоја успешна врска

Има една интересна случка со деца на претшколска возраст. Едно дете било обвинето дека наводно на некое девојче му рекло дека е грдо. Учителката ги седнала во аголот еден до друг за да ја објаснат својата страна од приказната. После петминутно одбивање, децата ја раскажале својата приказна за случката. Ова е важна лекција бидејќи двете деца научиле колку е важно да се споделуваат мислите, идеите и чувствата.

Ова важи за сите врски, вклучувајќи ги и љубовните, односите со членовите од семејството, колегите, па дури и со претпоставените на работното место.

5. Вашата мајка знае најдобро

Секако, за да ја научиме оваа лекција треба да помине подолго време, но кога сме во забавиште се чини дека мајките знаат што е најдобро.

Таа знае да ги излечи гребнатинките од вашето колено, знае како да ја третира вашата настинка, како да ги реши тешките математички проблеми, како да реагирате кога вашиот најдобар другар ќе најде друг најдобар другар и сѐ останато.

Можеби мајките не се магионичари кои можат да ги решат сите проблеми, но тие секако имаат доволно знаење кое може да ви помогне во која било ситуација, без разлика дали и самата имала слично искуство или едноставно затоа што мајките нѐ познаваат најдобро.

6. Вашиот татко е вистински суперхерој

Кога сме малечки деца, често знаеме да кажеме дека нашите татковци се суперхерои кои секогаш би нѐ спасиле од неволја. И навистина, сетете се како вашите татковци ви раскажувале приказни за добра ноќ, ве чувале од чудовиштето во плакарот, ви помагале со домашните задачи и биле секогаш тука да ги избришат солзите од вашето лице.

Татковците нѐ научија како да се однесуваме со другите, како да си го зачуваме сопственото достоинство и најважно – како сакаме другите да се однесуваат со нас. Тие секогаш ни даваат корисни совети, но ние често сме ги отфрлале тие совети, за на крај пак сѐ да испадне како што кажувале тие.

7. Секогаш има време за забава

Истрчајте, прочитајте книга или едноставно наполнете ја кадата и релаксирајте се. Направете нешто што ќе ве опушти. Седнете и уживајте во сонцето. Секогаш најдете време за вас, и секогаш најдете време за забава.

8. Пакувајте ја вашата ужина

Ужината е најважна за вашиот опстанок во забавиште. Добро, можеби ова е малку претерано. Но никогаш нема да знаете колку ќе трае вашиот состанок или кога воопшто ќе се вратите дома. Секогаш имајте нешто за јадење со вас: јаболко, чоколадо или смоки. Бидете подготвени. Ако сте гладни, тогаш сте лошо расположени.

9. Може да дремнете каде сакате и кога сакате

Едноставно верувајте дека ова е точно. Никогаш не сте престари за пладневна дремка. Имате еден час пред почетокот на вашето омилено шоу? Слободно дремнете. Ако имате 30 минути пред вашиот термин на доктор? Дремнете.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар