9 животни лекции кои силните мајки ги споделуваат со своите ќерки

9 животни лекции кои силните мајки ги споделуваат со своите ќерки

Врската помеѓу мајката и ќерката е можеби позначајна од сите други врски во животот. Во едно истражување учествувале членовите на 35 здрави семејства, во кое им биле скенирани мозоците. Тоа што било пронајдено, било неверојатно! Истражувачите изјавиле:

„Поврзаноста мајка–ќерка се покажа како многу позначајна од поврзаноста мајка-син, татко-ќерка и татко-син.“

Тоа е неверојатно, се согласувате? Па, како мајки, мора да се погрижите дека вашите ќерки се на вистинскиот пат во животот. Во продолжение прочитајте ги 9-те животни лекции кои силните мајки ги споделуваат со своите ќерки и обидувајте се и вие да ги научите на овие нешта…

9-zhivotni-lekcii-koi-silnite-majki-gi-spodeluvaat-so-svoite-kjerki-kafepauza.mk

1. Верувајте во безусловна љубов

Безусловната љубов е концепт во кој понекогаш е тешко да верувате. Но мајките го демонстрираат овој моќен вид љубов секој ден. Тие ги учат своите ќерки да не се задоволуваат со помалку.

2. Создавајте ја својата среќа

Премногу луѓе се обидуваат да ја пронајдат среќата надвор од нив. Кога животот станува потежок, на овие личности им е тешко да останат позитивни и да се надеваат. Затоа силните мајки ги учат своите ќерки дека само тие се одговорни за нивната среќа и дека во која било ситуација постои нешто за коешто можат да бидат среќни.

3. Не е лесно да се биде жена

Иако денес мажите и жените имаат исти права, понекогаш е навистина тешко да бидете жена. Силната мајка не ја штити својата ќерка од овој факт, туку ја учи дека животот понекогаш не е фер. Најдобриот начин да се избори со оваа нееднаквост е да се издигне над неа.

4. Оставете го минатото во минатото

Многу од нас биле во таа ситуација, моментот кога прашањето „Што ако?“ доминира во нашите мисли. Оваа опсесија со минатото секогаш завршува со разочарување, па затоа минатото треба да остане таму, во минатото.

5. Во ред е да побарате помош

Нема ништо лошо во тоа да ви биде потребна помош, а некогаш единствениот начин да ја добиете е да ја побарате. Силните мајки ги учат своите ќерки да бидат независни, но тие исто така им кажуваат и дека барањето помош не е знак на слабост.

6. Можете да бидете и силни и сочувствителни

Многу од нас ги поврзуваат чувствата со слабост. Силните мајки знаат дека ова не е така, па тие ги учат своите ќерки да бидат силни, но и секогаш да покажуваат добрина и сочувство.

7. Вие сте вашата прва љубов

Силните мајки сакаат да ги научат своите ќерки дека не треба да ја пополнуваат „празнината“ во нивниот живот со љубовта од некој друг. Важно е најпрво да се сакаат и ценат себеси.

8. Гледајте кон иднината

Постојат моменти во животот кога ништо не оди по план, па вие сте полни со негативност. Кога една млада девојка ќе „заглави“ во ваква ситуација, силната мајка ќе ѝ помогне да погледне кон светлата иднина. Таа ќе ѝ покаже дека и покрај моменталната состојба, гледањето кон иднината е многу подобро отколку ширење негативност за сегашноста.

9. Вие сте си доволни

Светот може да биде опасно место ако ги учите децата да се споредуваат со другите. Ова речиси сигурно ќе има негативно влијание на нивната самодоверба и ќе мислат дека никогаш не се доволно добри. Силната мајка ќе ѝ докаже на ќерка си дека таа си е доволна за сè што сака да направи и да постигне во животот.

Овие знаци покажуваат дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар