9-те најголеми митови за мамурлакот (и вистината зад нив!)

Ако некогаш сте страдале од мамурлак, вашите пријатели сигурно ви дале многу совети за како да ги намалите неговите симптоми. Но колку од овие совети навистина функционираат? Пред повторно да се упатите кон барот, прочитајте кои совети помагаат, а кои се само измислици.

1. Дехидрацијата предизвикува мамурлак

Вистина е дека можете да дехидрирате ако консумирате премногу алкохол, но тоа не е причината за вашиот мамурлак. После ноќта помината во пиење вие можеби ќе испиете неколку чаши вода, но сепак ќе се разбудите со страшна главоболка. Причината за ова е тоа што мамурлакот е предизвикан од неколку работи: Ниско ниво на шеќер во крвта, иритација на стомакот, лошо спиење и проширување на крвните садови. Иако пиењето вода нема да ви помогне со мамурлакот, сепак обидете се да ги надополните за изгубените течности.

2. Само оние кои пијат прекумерно страдаат од мамурлак

(2)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Прекумерното пиење е сигурен начин да бидете мамурни следното утро. Но, не треба да пиете многу алкохол за да го искусите ова. Некои луѓе се мамурни и после само една пијачка. Овде големо влијание има вашата големина и вашиот пол. Просечен маж би имал некаков вид на мамурлак после 5 до 8 пијачки, додека жените можат да поднесат само 3 до 5 пијачки без да ги чувствуваат лошите последици следното утро.

3. Мажите и жените се исто изложени на ризик

(3)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Ако сте жени, подгответе се. Вие имате поголеми шанси да се разбудите со главоболка и болка во стомакот отколку маж кој е исто голем колку вас. Како е можно ова? Машкото тело има поголем процент на вода за разлика од женското. Мажите исто така имаат повеќе ензими кои го преработуваат алкохолот па ова значи дека алкохолот во нивното тело се преработува уште пред да стигне до крвотокот.

Друга причина е тоа што жените имаат повеќе масни наслаги во телото, а тие многу подобро го апсорбираат алкохолот.

4. Вино или пиво – што е побезбеден избор?

(4)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Многу луѓе мислат дека ќе поминат подобро ако пијат пиво или вино наместо нешто жестоко. Вистината е дека може да се опиете од кој било алкохол. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да одберете што да пиете:

  • Црвеното вино може да предизвика главоболка. Понекогаш мамурлакот од него може да биде полош отколку ноќта помината со текила.
  • Некои видови жестоки пијалаци (како виски) исто така предизвикуваат главоболки. Подобро одберете пијалак без боја, како вотка или џин.
  • Ако уште на почетокот пиете нешто жестоко, поголема е веројатноста да испиете повеќе алкохол. Затоа почнете со пиво или со чаша вино.

5. Јадењето ќе апсорбира дел од алкохолот

(5)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Храната може да го спречи мамурлакот, но само ако јадете пред да почнете со пиење. На мрсната храна, како пицата, ѝ е потребно повеќе време за обработка, па затоа таа би била одличен избор.

6. Лековите за болка и температура ќе ви помогнат

(6)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Никогаш не треба да ги мешате овие лекови со алкохол. Лековите за болка се разградуваат во вашиот црн дроб, а тој е договорен за разградување и на алкохолот. Со ова можете да си предизвикате воспаление на дробот, отоци, па дури и трајна штета. Подобро напијте се аспирин, но не веднаш по пиењето. Земете го аспиринот наутро и тој ќе ви помогне за главоболката и болките во телото.

7. Студениот туш и кафето може да ви бидат од голема помош

(7)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Вистината е дека ќе ве освежат, но мамурлакот нема да исчезне. Ова ќе се случи само кога целиот алкохол ќе излезе од вашиот организам. Пиењето кафе може дури и да го влоши мамурлакот. Заменето го кафето со вода, посебно ако сте повраќале.

8. Хербалните лекови лечат мамурлак

(8)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Истражувањата покажале дека ниту еден од овие лекови не помага со мамурлакот. Можеби ќе направат да се чувствувате малку подобро, но тоа не е доволно. Подобро земете некој мултивитамин и надополнете ги изгубените хранливи материи.

9. Мамурлакот не е нешто опасно

(9)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mk

Кога сте мамурни вашето тело „плаче“ за помош. Вие всушност сте го загадиле со премногу алкохол. Можеби ќе ви помине брзо, а можеби ќе треба цел ден да го поминете мизерни. Она што е важно е дека прекумерното пиење е ризично. Тоа може да доведе до труење со алкохол, да предизвика напади или да ви оневозможи да дишете правилно.

Погледнете ги овие природни лекови за мамурлак.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар