9-те фреквенции кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух

За да ја перципираме реалноста која ја сакаме, потребно е да ја чувствуваме фреквенцијата која ја посакуваме. Кога ќе се фокусираме на фреквенцијата, можеме да воспоставиме контрола над некоја тешка ситуација. Знаеме дека енергијата е магнетизирана кон еднакви фреквенции, па кога ни се влошува ситуацијата и кога имаме ниска вибрација, јасно е што добиваме за возврат. На пример, ако проблемот е тага и осаменост, чувствувајте љубов и среќа. Ова е основниот механизам на законот за привлекување. Многу често забораваме дека енергијата е онаму каде што е и вниманието.

9-te-frekvencii-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izlechite-vashite-telo-um-i-duh-kafepauza.mk

„Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте за енергија, фреквенција и вибрација.“ – Никола Тесла

Оваа процедура станува многу полесна штом ќе преземете контрола над некои важни фактори, како потсвеста, фреквенцијата на умот која ја собираме и механизмите за одбрана. Размислете, ако постојано сте во одбранбена состојба, што всушност привлекувате тогаш? Привлекувате уште повеќе причини за да бидете во таа состојба. Токму на овој начин вие самите ја создавате вашата реалност.

За да се ослободите од ова, промената на фреквенцијата ќе ја постигнете кога ќе се чувствувате навистина подготвени. Важно е да верувате, да го отворите срцето и да бидете искрени кога размислувате и зборувате. Па како да го привлечете ова „богатство“? Ценете го и сакајте го она што веќе го имате. Ширете љубов кон сите, но и кон себе.

„Сè е енергија, ова ни е познато досега. Енергијата се манифестира во фреквенција. Сè има фреквенција, тоа е факт. Па, како оваа информација може да ни ги промени животите? Изедначете ја фреквенцијата на реалноста што ја сакате и сигурно ќе ја добиете таа реалност. Не може да има друг начин.“ – Алберт Ајнштајн

Вистинското време да почнете со ова е сега. Не кога ќе лутате во вашето минато, тоа само ќе ве потсети на уште повеќе работи. Ниту пак кога се надевате за иднината. Единственото вистинско време за промена е сега, во овој момент. Во овој момент вие го создавате следниот.

Применувањето на фреквенциите не е нешто ново. Тоа е древно знаење кое се применува одамна. Користењето фреквенции за лекување и воспоставување рамнотежа постоело отсекогаш. Се користело во многу религии. Знаеме дека звукот е вид вибрација, а кога ќе се намести на вистинската фреквенција создава неверојатни резултати. Постои древна музичка скала која е позната како 9-те фреквенции и која докажано ги смирува духот, телото и умот создавајќи совршена хармонија.

147Hz – 12 (3): Отстранување болка.

185Hz – 15 (6): Влијание на енергетските полиња.

396Hz – 18 (9): Ослободување од вина и страв.

417Hz – 12 (3): Поништување на ситуации и олеснување на промената.

528Hz – 15 (6): Трансформација и чуда (поправање на ДНК).

639Hz – 18 (9): Поврзување/врски.

741Hz – 12 (3): Изразување/решенија.

852Hz – 15 (6): Враќање на духовниот ред.

963Hz – 18 (9): Поврзување со космосот, будење.

Некои други корисни фреквенции се шумановата резонанса чија фреквенција е иста со онаа на Земјата, 7,38Hz (18) (9), што ја прави одлична за заземјена медитација и поврзување со природата. Фреквенцијата на Ом е иста со онаа на сонцето, 126Hz, и е добра за срцето. Секоја од овие фреквенции има уште по некоја древна тајна која за човештвото сè уште е кодирана. Низата 3-6-9 и духовниот број 9 се поврзани со физиката на создавањето. Како што кажал Никола Тесла:

„Ако само ја знаевте неверојатноста на броевите 3, 6 и 9, тогаш ќе го држевте клучот на универзумот“

Дали знаете што се случува со нашето тело кога одиме боси по земјата?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар