9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Секој сака да го заштити своето милениче од опасности, но исто како и луѓето и тие се разболуваат. Обично, кога кучињата не се чувствуваат добро тоа е очигледно. Но ако кучето има треска, симптомите може и да не бидат толку јасни. Погледнете некои суптилни знаци кои покажуваат дека вашето куче можеби има треска.

Која е нормалната температура на кучињата?

9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Кучињата имаат повисока температура од луѓето, помеѓу 37,5 и 39 степени Целзиусови. Треската кај кучињата се појавува кога нивната температура е над нормалната граница, односно над 40 степени Целзиусови.

Што предизвикува треска кај кучињата?

9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Причината најчесто е воспаление или инфекција. Овде спаѓаат бактерии, инфицирани рани, инфекции на мочниот канал, инфекција на органите или на забите. Одредени токсични материјали може да предизвикаат треска кај кучињата, како антифриз, човечки лекови, храна и отровни растенија. Во продолжение следуваат знаците на кои мора да внимавате…

1. Црвени очи

9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Ова е еден од најчестите знаци. Црвените очи може да бидат симптом и за други заболувања како конјунктивитис, корнеарни чирови, синдром на суво око и глаукома. Ако вашето куче има црвени очи, набљудувајте го и за други симптоми.

2. Летаргија

9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Како и луѓето, така и кучињата кои имаат треска стануваат уморни и летаргични. Ако забележите дека вашето куче спие повеќе од обично, може да станува збор за треска.

3. Намален апетит

9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска

Друг чест симптом е намалениот апетит. Кучињата обично сакаат да јадат, па ако одбиваат храна внимавајте на нив.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар