9 работи кои никој никогаш не ви ги кажал за шампоните

9 работи кои никој никогаш не ви ги кажал за шампоните

Автор: Сара Турановиќ

Сигурно сте слушнале многу теории и факти за миењето на косата и шампоните. Меѓутоа, пронајдовме 9 работи кои вашиот фризер ви ги нема кажано, а најверојатно и ги немате прочитано. Затоа, следете ги овие 9 совети и факти и вашата коса ќе стане вашиот главен атрибут.

1-9-raboti-koi-nikoj-nikogash-ne-vi-gi-kazhal-za-shamponite-www.kafepauza.mk_

1. Многу е важно да го изберете вистинскиот шампон за коса

Доколку имате нормална коса, шампонот за волумен ќе биде одличен избор за вас, додека за густа коса изберете шампон за хидратација.

2. На сите типови коса одвреме-навреме им е потребно длабинско миење

Доколку вашата коса е сува, или не реагира на производите и маските, испробајте шампон за длабинско миење на косата. После користењето на овој шампон се отстрануваат наслагите од средствата за обликување и нега, а косата станува поубава, свиленкаста и подобро ги прима третманите за нега и реконструкција. Заради овие работи применувајте длабинско миење одвреме-навреме. Оваа постапка може да ја направите во фризерски салон или пак дома.

3. Русокосите треба почесто да користат шампон за длабинско миење

Ако имате руса коса или вашата коса е често хемиски третирана, тогаш дозволете ѝ почесто длабинско миење. Хемиските третмани ја прават вашата коса слаба и сува, затоа ѝ е потребна адекватна нега.

4. Рокот на траење на шампоните е од 2 до 3 години

Ако случајно ја измиете косата со шампон на кој му поминал рокот, нема да се случи ништо, ниту вашата коса ќе падне. Рокот на траење е од 2 до 3 години, но внимавајте на него ако сакате да го извлечете максимумот од шампонот.

5. Масажата на главата и косата помагаат таа побрзо да расте

Добрата масажа може да ја зголеми циркулацијата на крвта во черепот, па тоа помага во растењето на косата.

6. Важна е температурата на водата при миењето на косата

Доколку ја миете косата со врела вода, како резултат ќе добиете безживотни влакна. Пробајте наизменично да менувате топла и ладна вода.

7. Цената на шампонот не е важна

Не мора да значи дека шампоните кои ги користат фризерите се многу подобри од оние кои вие ги купувате од продавница. Пронајдете го шампонот кој ви одговара на вашата коса, без разлика дали е најевтиниот шампон или пак сте го нарачале од кај вашиот фризер.

8. Шампонот за суво миење на косата нанесете го во текот на ноќта

Доколку немате желба или време за да ја измиете косата, послужете се со шампонот за суво миење на косата ама ноќ порано. На овој начин косата ќе има повеќе време да го впие и не само што ќе добиете чиста коса туку ќе имате и волумен.

9. Можете да направите одличен шампон дома

Комбинирајте прашок за печиво, оцет и вода за да направите домашен шампон без хемикалии кој е многу подобар од оние во продавница.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар