9 прашања до откривање која е вашата кариера од соништата

Овие девет прашања ќе ви помогнат преку самонабљудување да сфатите колку сте задоволни од она што го работите сега и дали и што би сакале да работите доколку не сте задоволни од тоа. Нема да ви дадат совет за тоа како да ја промените кариерата, но откако ќе ги одговорите и ќе размислите за нив, ќе можете да го разберете вашето ниво на задоволство и вашите перспективи. Со тоа веќе сте го направиле првиот чекор до толку потребните промени, доколку таква потреба постои.

9 прашања до пронаоѓање која е вашата кариера од соништата

  1. Кога би можел да бирам со кој пријател да го сменам работното место, би го/ја избрал _______________, затоа што _______________.
  2. Отсекогаш сум се прашувал/а како е да се биде _______________. Тоа ме интересира затоа што _______________.
  3. Ако бев образован на тоа поле, сигурно би пробал _______________, затоа што _______________.
  4. Да можев утре повторно да се запишам на факултет, би студирал _______________, затоа што _______________.
  5. Колегите и пријателите ми велат дека сум добар во _______________, затоа што _______________.
  6. Кај мојата работа најмногу го сакам тоа што _______________, затоа што _______________.
  7. Кога шефот би ми дозволил, на работа повеќе би се занимавал со _______________, затоа што _______________.
  8. Кога би имал „слободна сабота“ за да работам што било, би избрал/а _______________, затоа што _______________.
  9. Кога ќе се пензионирам би сакал/а да бидам запаметен/а по _______________, затоа што _______________.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар