9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разберат

9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разберат

Денешниот модерен начин на живеење им овозможува на сè повеќе жени да бидат силни и независни. Тие можат самите финансиски да се издржуваат и повеќе немаат потреба од сопруг за да ги издржува. Но, тоа не значи и дека целосно ја отфрлаат љубовта. Жените сакаат да бидат заљубени, да имаат партнер покрај кој ќе заспиваат и ќе се будат. Партнер покрај кој ќе се чувствуваат сигурно и сакано. Во продолжение погледнете ги нештата што треба да ги знаете доколку сакате да задржите ваква жена покрај вас.

9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разберат

1. Таа не сака да ја помешате нејзината независност со желба да биде сама – Нејзината независност е нешто што таа многу го цени, па сака и вие на истиот начин да гледате на неа. Таа не се обидува да биде далечна или да ве оттурне од себе, туку само сака да го задржи делот од животот што е само нејзин.

2. Ќе дојдат времиња кога ќе има потреба од вашата помош – Таа е силна, но не може сè да постигне, барем не сама. Никој не може и таа многу добро го знае тоа. Затоа и сака да разберете дека кога навистина ќе има потреба од помош, таа нема да се плаши да ја побара.

3. Таа сама ги носи своите одлуки, вие не можете да ја натерате на нешто што не сака – Ако сметате дека таа прави нешто само поради тоа што вие го сакате тоа, тогаш грешите. Можеби нема со ентузијазам да ужива во сите ситници што ги правите заедно, но таа донела одлука да ги сподели овие активности со вас и тоа го направила од срце и затоа што навистина сака.

4. Таа не прави простор во својот живот за вас, вие едноставно припаѓате таму – Силната жена не прави простор за некој што го сака, бидејќи знае дека тој некој лесно се вкопува во нејзиното секојдневие. Таа знае дека понекогаш може да биде неуредна и комплицирана, но исто така знае и дека не е тешко да се биде заљубен.

5. Таа цени сè што правите за неа – Гордоста не ја крие нејзината благодарност. Таа никогаш не е премногу горда или премногу независна за да ви се заблагодари за нештата што ги правите за неа, дури и за оние најмалите.

6. Таа се восхитува на вашиот успех – Не, таа никогаш нема да ги мрази вашите постигнувања, ниту пак ќе ги споредува со своите. Успехот е нешто што таа вистински го сака и за двајцата, па затоа нема да се обидува да биде подобра од вас, туку ќе се погрижи заедно да бидете подобри во својата област.

7. Таа ги познава своите слаби страни, но тешко ѝ е да ви ги покаже и вам – Таа е подготвена да ги признае сите оние нешта за кои не ја бива, но само доколку се чувствува навистина блиска до вас и се надева дека никогаш не би ја суделе. Исто така треба да знаете дека и покрај тоа што ги крие, таа секојдневно работи на нивното подобрување.

8. Дури и кога е зафатена, сè уште ве сака – Кога не е покрај вас да ви каже дека ве љуби бидејќи заглавила на работа до доцна во ноќта, таа сè уште мисли на вас. Кога има проблеми со семејството или пријателите кои на момент ја прават емоционално недостапна, таа сè уште има чувства за вас. Кога се движи толку брз низ животот што едвај успева да земе воздух, таа сè уште ве сака со целото срце.

9. Дури и силните и независни жени се ранливи – Тие плачат, се каат, се чудат, фантазираат… Нивната сила не ги прави неспособни за емоции, баш напротив. И тие се луѓе и ќе имаат свои ранливи моменти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар