9 начини на кои можете да го искористите бајатиот леб

Ако ви останало повеќе леб од претходните денови, немојте да го фрлате. Има повеќе начини тој да се искористи.

10 начини на кои можете да го искористите бајатиот леб

1. Освежете го така што ќе го ставите во намокрена хартиена кеса и ќе го ставите во рерна три минути. Потоа пак е спремен за јадење.

2. Може да се искористи за некои интересни рецепти како тостови, брускети, ќофтиња, пржени лепчиња итн.

3. Направете презла. Ставете го лебот на ниска температура во рерна да се потпече, потоа сомелете го и пак вратете го да се допече уште малку.

4. Направете кубети. Исечете го стариот леб на коцкички, попрскајте ги со масло, наросете ги со зачини и ставете ги да се потпечат во загреана рерна. Потоа грицкајте ги или додајте ги во супа.

5. Искористете го за да додадете густина на чорбата.

6. Ставете парче стар леб во фиоката во која го чувате зеленчукот. Тој ќе ја впие сета влага и ќе му го продолжи векот. Не заборавајте да го менувате парчето леб на секои два дена.

7. Направете трошки од лебот и додајте ги во земјата во која што имате засадено билки за да додадете влажност на почвата.

8. Направете грицки за вашето куче. Измешајте стар леб со брашно, вода и масло и со калап направете разни форми од тестото пред да го печете 30-40 минути.

9. Замрзнете го и искористете го подоцна на некој од овие начини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар