9 грешки при спиењето што ви предизвикуваат темни кругови околу очите

Сите знаеме колку е важен сонот, но ретки се луѓето кои спијат доволно. Како што изгледа, ова сепак е наша вина. Во продолжение погледнете ги 9-те грешки кои (веројатно) ги правите и кои не ви дозволуваат да го добиете потребниот одмор.

9 грешки при спиењето што ви предизвикуваат кругови околу очите

1. Јадење блага или зачинета храна

Сите сакаме десерти, но јадењето благо пред спиење може да има лошо влијание. Храната со заситени масти и шеќери е поврзана со неквалитетен и испрекинат сон. Исто така немојте да јадете ни зачинета храна пред спиење бидејќи често предизвикува киселини.

2. Јадење во погрешно време

Дури и ако избегнувате зачинета храна и шеќер, ако ги консумирате пред спиење тоа ќе има влијание на вашиот сон. Најдобро правило е да не јадете ништо 3 часа пред спиење. Ако навистина сте гладни, одберете оброк што нема многу шеќер и заситени масти.

3. Пиење вино

Ги знаеме придобивките од пиење 1-2 чаши вино пред спиење. Но, секоја чаша повеќе може да ви го наруши циклусот на спиење. Малку алкохол може да ви помогне да заспиете, но ќе го намали квалитетот на сонот. Ако пиете вино, нека биде тоа додека вечерате за вашето тело да има време да го преработи.

4. Пиење многу вода пред спиење

Пиењето вода е важно, но исто е важно и кога ја пиете. Не чекајте до 10 навечер за да ги испиете сите 8 чаши. Пиењето вода пред спиење најверојатно ќе ве разбуди во текот на ноќта за да одите во тоалет. Како резултат, ќе се наруши вашиот циклус на спиење.

5. Немате рутина

Некогаш си легнувате во 10 и спиете колку што треба. Друг пат си легнувате во 1 и се надевате дека ќе надополните со силно кафе. Може да биде навистина тешко да воспоставите рутина за спиење, но тоа е навистина важно. Спиењето до пладне за време на викендите нема да го отстрани негативниот ефект од изгубениот сон во текот на неделата.

6. Проверување на телефонот во кревет

Проверувањето на телефонот пред спиење исто така може да го наруши вашиот сон. Сината и белата светлина кои се емитираат од екраните го спречуваат испуштањето на мелатонин, хормон кој го подготвува телото за спиење. За да си го направите овој предизвик полесен, отстранете ја целата електроника од собата, дури и телефонот и полначот, за да не бидете во искушение.

7. Туширање со жешка вода пред спиење

Иако чувството е навистина убаво, туширањето со жешка вода пред спиење всушност може да е лошо за вас. На телото му е потребно да ја намали својата температура за да заспие, а жешката вода не помага во тоа. Ако навистина мора да се истуширате, направете го тоа барем 2 часа пред спиење.

8. Користење на опцијата „снуз“

Ова го правиме сите. Навистина ќе ви биде потребен тренинг, но вреди да станувате кога ќе ви заѕвони алармот. Секој пат кога притискате снуз и продолжувате со спиење, почнувате нов циклус кој секако ќе биде прекинат за неколку минути. Бидејќи циклусот ќе заврши нагло, голема е веројатноста да се чувствувате уште поизморено.

9. Претопла соба

Не треба да одите во кревет смрзнати, но бидејќи вашето тело се обидува да се излади, не треба да спиете ни во премногу топла соба. Температурата нека биде околу 18 степени Целзиусови бидејќи оваа температура ќе ви помогне полесно да се заспиете. Еден начин да го направите ова е да ја оставите вратата од собата отворена. Во едно истражување научниците набљудувале група луѓе во период од 5 ноќи. Оние кои ја оставале вратата отворена изјавиле дека имаат поквалитетен сон за разлика од оние кои спиеле со затворена врата. Најверојатно бидејќи отворената врата овозможува подобра вентилација.

Погледнете ги и нештата што ги прават здравите луѓе пред спиење.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар