9 формули за модни комбинации кои секогаш изгледаат добро

Приказните за трендовите ни го насочија вниманието кон она што е најважно, а тоа е што да одберете кога не знаете што да облечете, кога ќе ви снемаат идеи, а потребен ви е убав, пристоен изглед и тоа веднаш. Немојте да паничите, не е време за тоа, бидејќи светот на модата никогаш не останува без идеи и инспирација. Токму затоа, денес ви претставуваме неколку модни комбинации кои се сосема модерни, но воедно и класични и секогаш функционални.

1-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

1. Добро скроеното сако е парче кое никогаш нема да ве изневери. Во комбинација со едноставна блуза, здолниште или панталони, квалитетното сако ќе биде оној завршен детаљ кој секогаш одлично ќе ви прилега.

2-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

2. Малиот, црн фустан како и секогаш е еден од најдобрите избори кога сакате да изгледате лежерно, елегантно, класично и атрактивно. Во комбинација со крем или беж детали во вид на обувки и чанта, ваквиот фустан ќе изгледа сосема поразлично и ќе биде совршено бегство за ситуацијата во која се фаќате за глава, бидејќи не знаете што да облечете.

3-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

3. Наместо малиот црн фустан, одберете макси фустан во црна боја, едноставно скроен, што сам по себе е класичен и елегантен. Она со кое ќе го направите помодерен се чизмите до глуждови и некоја поголема, тренди чанта.

4-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

4. Облечете најобична блуза со долги ракави, а потоа комбинирајте ја со плисирано, металик здолниште кое има должина до под колената. Така ќе споите едно сосема обично парче облека со нешто што во овој момент е популарен тренд и ќе имате модна комбинација која ќе можете да ја облечете секогаш и секаде.

5-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да ги погледнете останатите комбинации кои ќе ве спасат во последниот момент.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар