9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

Денес сè повеќе луѓе се корисници на паметни мобилни телефони. Колку што се тие интересни за нивните сопственици, толку знаат да предизвикуваат зависност и занесеност, па не ретко се причина за оставање лош впечаток.

Дали сте вие од оние луѓе кои твитаат под маса на здодевните состаноци? Дали го ставате телефонот секогаш на масата, дури и кога сте на ручек или вечера, па вашиот смартфон го сервирате како дел од приборот? Дали го поставувате вашиот најнов Фејсбук-статус додека другите ви зборуваат? Ако се препознавате, вие имате премногу близок однос со вашиот телефон. Ние не замеруваме, но некој може да ви замери доколку ги преминете границите на учтивото однесување. Еве ги најчестите грешки.9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

1. Мулти-таскинг

Немојте да праќате СМС или да читате имејл-пораки додека разговарате со некого. Ако седите со некој на иста маса и истовремено пишувате порака, тоа ѝ покажува на личноста пред вас дека не ви е важна. Исто така, таа ќе почувствува дека не сакате да ѝ посветите време.

2. Брзо пишување

Секоја порака што ја праќате е продолжение на вашата личност, како персонално, така и професионално. Не пишувајте пораки со изговорот дека брзате. Вложете екстра време за да ја проверите секоја порака што сакате да ја пратите, исто како да праќате службен имејл од вашата канцеларија.9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

3. Вклучени вибрации

Вибрациите го одвлекуваат вниманието бидејќи сите можат да ги чујат. Исклучете ги звуците на вашиот телефон и оставете го во џебот или во чантата додека сте на состанок. Доколку очекувате важен повик, кој мора да го прифатите, културно е да се извините и потоа да го направите разговорот надвор од просторијата, каде што нема да пречите никому.

4. Читање в скут

Често се случува да го држиме телефонот во нашиот скут, божем за да не се познава дека читаме. Но, единствено не се познава телефонот, но наведнатата глава ја издава акцијата. Ваквата пракса прави да изгледате незаинтересирано и ве спречува во редовното одржување контакт со очите на другите присутни. Исто така, ова е непристојно и остава многу лош впечаток за вас.

5. Долги говорни пораки

Ова важи за сите корисници на мобилни телефони, не само за оние кои користат смартфони. Ако не ја добиете личноста што ја барате, сосема ОК е да оставите говорна пошта, но ако на неа подоцна ѝ треба лист и пенкало за да ги запише сите детали кои вие сте решиле да ги споделите, едноставно е премногу. На ова треба да го додадеме и фактот дека не смеете да зборувате неразбирливо додека оставате пораки со својот глас. Најдобро е да бидете кратки и јасни, кажете за што сакате да зборувате и евентуално оставете дополнителни информации за начинот на кој може да ве контактираат.9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

6. На втора линија

Кога разговарате со некој и ви ѕвони втората линија, може за кратко да се префрлите на другиот повик, но не смеете да заборавите на личноста со која прво сте го започнале разговорот. Ако решите да го прифатите повикот, учтиво е да замолите да ве причекаат за момент, а потоа веднаш да се вратите назад. Во спротивно, доколку очекувате дека разговорот на втората линија може да потрае, културно би било едноставно да се извинете дека мора да прекинете и да кажете кога точно ќе се јавите за да го довршите разговорот.

7. Повратни мелодии

Повратните мелодии не се за професионалците. Можеби ви звучи забавно, но ако сакате да ве сфатат сериозно, не пуштајте го Еминем да рапува после звучниот сигнал кога некој ќе го повика вашиот број.

8. Зборување пред други луѓе

Извинете се и тргнете се настрана за да го прифатите повикот. Немојте да разговарате пред други луѓе, особено во професионална средина. Тоа е безобѕирно кон луѓето околу вас.

9. Прекинување лице в лице комуникација

Погоре кажавме дека не треба да се занимавате со вашиот смартфон додека сте во присуство на други луѓе, но ова уште повеќе важи додека сте во среде муабет. Да го прекинете соговорникот наведнувајќи ја главата и почнувајќи порака е едноставно премногу грубо. Ова покажува дека пораката ви е поважна од човекот кој е пред вас и му става до знаење дека сте незаинтересирани за разговорот.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеПрочитајте како да се однесувате културно во комуникацијата преку Скајп.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар