9 чекори до содавање подобра слика за вашето тело

9 чекори до содавање подобра слика за вашето тело

Секој има создадено своја слика за тоа како треба да изгледа идеалната убавина. Сепак, реалноста е дека не можете секогаш да ги имате посакуваните особини. Секој има некој недостаток и тоа е нормално. Наместо да се трудите да ги поправите своите несовршености со што постојано ќе бидете нерасположени, научете да си го прифатите вашето тело онакво какво што е и набрзо ќе забележите колку повеќе ќе бидете позитивни. Обидете се да ги следите овие чекори и да ја остварите вашата цел.

9 чекори кои ќе ви помогнат да создадете подобра слика за вашето тело

1. Не дозволувајте со вас да владее омразата кон вашето тело

Луѓето кои страдаат од опсесија обично не се свесни за тоа и најчесто веруваат дека се тврдоглави. Обидете се да се анализирате себеси и да се запрашате зошто го мразите вашето тело. Дали тоа се обидело на некој начин да ве убие? Најверојатно не. Сфатете дека секој има мани и тоа е сосема нормално и прифатливо. Доколку другите не можат да го прифатат вашиот недостаток и тоа ги спречува да ве третираат со почит и учтивост, тогаш проблемот е во нив, а не во вас.

2. Сакајте си го телото

Можеби ќе добиете трансплантација на некој орган во текот на вашиот живот, но никогаш нема да имате трансплантација на вашето тело. За добро или лошо, вие имате само едно тело, па затоа, научете да го сакате и да го цените. Вашето тело е чудо што ви овозможува да уживате во светот во кој живеете.

3. Прифатете се себеси

Вие сте единствени и не постои некој кој бил, е или ќе биде ист како вас. Па, зошто да го губите времето обидувајќи се да бидете некој друг само поради нивното прекрасно тело? Бидете свои и уживајте во последиците!

4. Мислете на убав начин

Потсетете се на Мајка Тереза. Таа е сиромашна жена, но нејзините мисли ја направиле светица. Најдете начин да си помогнете себеси и да им подарите насмевка на непознатите луѓе, споделувајте комплименти и мислете на убав начин, па сѐ околу вас ќе ви се чини убаво.

9 чекори кои ќе ви помогнат да создадете подобра слика за вашето тело

5. Преиспитајте се себеси

Поточно, прашајте се себеси: „Што направи омразата кон мене во последно време?“ Нема да пронајдете ниту еден позитивен резултат од таа омраза кон себеси, но тоа не значи дека ќе биде невозможно да се ослободите од неа. Мислете на себеси како зрели и значајни личности, па со текот на времето ќе станете повеќе позитивни.

6. Сфатете дека слабите луѓе не се посреќни

Среќата на луѓето не зависи од нивната надворешна слика. Зошто да мислите дека слабите луѓе се среќни и секогаш се спремни успешно да ги надминат предизвиците и несреќите со кои се соочуваат? Телото не гарантира ниту среќа, ниту тага, ниту сиромаштија, ниту богатство.

7. Контролирајте ги мислите

Вие можете да бидете опседнати со тоа дека треба да бидете слаби, прекумерно да вежбате, да јадете помалку и да бидете убави по секоја цена. Но, колку и да не можете да ги избегнете овие мисли, барем можете да ги контролирате. Секогаш кога ќе почувствувате дека сте нападнати од нив, почнете да размислувате на нешто позитивно и попродуктивно.

8. Одговорете на прашањето: „Кои мислите дека сте?“

Вашето тело не е она што сте вие. Чувствата, мислите и односите ве создаваат вас, а не вашите мускули и големината на градите. Можеби ќе ви биде потребен подолг период да го сфатите тоа, но потоа тоа ќе ви биде навика и постојано ќе се потсетувате на позитивните аспекти во вашиот живот.

9. Дозволете да започне лекувањето

Ништо не може да биде завршено за краток период, а исто така и вие не можете да ја смените сликата за себе во еден ден. Но, секако дека можете секојдневно да преземате чекори за да ја поправите истата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар