9 безвременски парчиња кои ќе ве воведат во пролетта

Првите пролетни денови се најчесто најнепредвидливи кога станува збор за временската прогноза. Па така, многу е тешко да се одлучиме што да облечеме. Затоа е многу важно да имате парчиња од кои можат да се извлечат голем број комбинации и лесно се наслојуваат. Ако не сте сигурни што точно да носите сезонава, се надеваме дека овие идеи ќе ви помогнат. 0-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

1. Тексас кошула

Тексас кошулата има малку потешка текстура, што значи дека е од подебел материјал отколку лесната оксфордска. На потопли денови засукајте ги ракавите, а за поладни носете ја под џемпер. 1-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 2-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 3-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

2. Фустан со долги ракави

Ако имате силна потреба да носите убави фустани истата секунда кога пролетта ќе тропне на вратата, но се плашите од студот, тогаш одлична идеја е фустанот со долги ракави. Препорачливо е да биде памучен за да ве држи стоплени. Ако сепак ви е ладно, додадете кардиган или волуменозна тексас јакна. 4-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 6-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 5-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

3. Зашилени рамни обувки

Сигурно веќе ви е смачено од високите чизми и едвај чекате да ги прошетате новите летни сандали. Но, времето ви ги попречува плановите. Па, затоа одберете пар зашилени рамни обувки. 7-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 8-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 9-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

4. Мантил

Не постои дел од облеката на кој повеќе му одговара терминот „безвременски“. Наједноставно, најелегантно и најлесно. Овие три збора нека ви бидат мантра при следниот шопинг. 10-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 11-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 12-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

5. Блуза на риги

Сѐ одговара кога станува збор за класиката. Едноставно парче кое лесно се комбинира со сѐ почнувајќи од ѕвонарки и папучи, до здолниште во А-линија за во канцеларија, шорцеви и сламен шешир за кежуал излегување. 13-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 14-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 15-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

6. Кардиган

Нека удобниот кардиган ви биде најдобар пријател оваа пролет. Изберете некој во светла нијанса кој ќе ве топли во ладните денови. 16-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 17-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 18-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

7. Пантолони до глужд

Овие пантолони изгледаат одлично на сите жени без разлика на нивната висина. Бидејќи сѐ уште е ладно за шорцеви и здолништа ова е одличен начин суптилно да покажете малку кожа. 19-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 20-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 21-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

8. Војничко палто

Голема среќа е што војничкиот стил е многу популарен за претстојната сезона, но претходните неколку години ова парче беше толку носено што стана дел од класичните парчиња кои мора да ги поседуваме. Според нас, ова парче најдобро изгледа кога е споено со женствени парчиња. 23-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 22-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 24-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk

9. Свилена марама

Сакате да избегнете ладно време, но не сте расположени за тежок волнен шал? Заврзете убава свилена марама околу вратот. Освен што е еден од најголемите трендови на сезонава, ова е парче кое дефинитивно си го заслужило местото во безвременските класици. Само погледнете ги пинап девојките од 50-тите. Безвременско. 25-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 26-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk 27-9-bezvremenski-parcinja-koi-kje-ve-vovedat-vo-proletta-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар