8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

Иако постојат безброј додатоци со витамини, постојат многу луѓе кои сепак имаат недостатоци. Но ова не значи дека треба да земате многу витамин без да го знаете нивниот ефект. Научниците откриле дека здравата и балансирана исхрана му дава на телото сè што му е потребно. Погледнете кои се знаците дека имате недостаток од некои витамини и како да надоместите за нив без да му наштетите на вашето здравје.

1. Паѓање на косата

8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

Причина

Недостаток од витамин Б7 (биотин) поради јадење премногу сирови јајца. Сировите јајца содржат состојка која ја спречува способноста на телото да го преработи биотинот.

Што да правите?

За да го зголемите внесувањето на витамин Б7 консумирајте повеќе бадеми, соја, компири и банани.

2. Грчеви

8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

Причина

Честите грчеви се знак дека ви недостасуваат калциум, магнезиум и калиум. Ова може да се случи ако спортувате пречесто бидејќи преку потењето се исфрлаат многу минерали.

Што да правите?

Јадете повеќе јаткасти плодови (како бадеми и лешници), тиква, банани и јаболка.

3. Осип на лицето

8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

Причина

Недостаток од витамин Б7. Нашите тела складираат многу витамини како А, Е, К и Д, но витамините од групата Б постојано треба да се надополнуваат.

Што да правите?

Покрај внесување на додатоци, можете да направите и промена во вашата исхрана. Консумирајте повеќе печурки, компири, сирење, варени јајца, спанаќ и карфиол.

4. Вкочанетост во екстремитетите

8 знаци со кои телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини

Причина

Јадете храна што е богата со витамините Б6, Б12 и Б9. Овие витамини имаат влијание на хранливите материи кои се користат за производство на здрави крвни клетки.

Што да правите

Јадете повеќе грав, цитрусни овошја, морска храна и пилешко.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар