За жените над 40 години: 8 знаци кои покажуваат дека перименопаузата наближува

Многу дами го паметат денот кога „станале жени“. Ова било настан што некои го пречекувале со радост, а други пак со солзи, но секогаш го знаеле точниот ден кога почнал. Од друга страна пак, промената која настанува некаде по 40-тата година, нема да можете да ѝ го одредите точниот почеток како што можевте да го направите тоа со првиот менструален циклус.

(9)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Постојат три фази на менопаузата и секоја од нив трае одреден период, а првата е позната како перименопауза. Можеби не ви е убава помислата за менопаузата, но таа и не е така лоша. Ова значи крај на хигиенските влошки, тампоните, тестовите за бременост и почеток на златната фаза од вашиот живот! Погледнете некои знаци кои ќе ви покажат дека првата фаза полека почнува.

1. Болка за време на секс

(1)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Сигурно веќе знаете дека со менопаузата ќе настанат и промени на либидото, но тоа што можеби не ви е познато е дека дел од нив може да ви предизвикуваат неудобност, па дури и болка. Вагиналното ткиво ја губи својата еластичност и влажност со намалување на естрогенот.

2. Ноќно потење

(2)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Вашето тело поминува низ многу промени, а тоа може да резултира со промена на температурата и со ноќно потење. Ноќното потење може да биде предизвикано од повеќе фактори, но ако сте во години кога ја очекувате менопаузата, најверојатно причината е нејзиниот почеток. Најдобро е да си го проверите нивото на хормоните.

3. Замор

(3)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Нормално е да чувствувате замор, но ако постојано сте изморени, можеби има некоја друга причина. Бидејќи веќе имате проблеми со спиењето, заморот е уште еден несакан ефект кој укажува на почеток на менопаузата.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар