8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со вас

Во одреден момент од животот, сите ќе престанеме да им дозволуваме на луѓето да си играат со нас. Ќе почнеме да си го браниме сопствениот став и нема да дозволиме никој да нѐ разочара. Доколку вие сте станале дел од овие поединци, сигурно самоуверено се соочувате со светот, дури и во најризичните ситуации. Ова се 8-те знаци дека не им дозволувате на другите да си играат со вас…

8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со вас

1. Работите на себе

Сакате да станете подобри и вашата упорност ве прави непобедливи. Ѝ дозволувате на енергијата да тече низ вас и да ве полни со позитивни вибрации. Немате време за драми.

2. Знаете кога треба да ги прекршите правилата

Понекогаш животот ни поставува нереалистични и непотребни правила. Иако не треба сите правила да се прекршуваат, животот ќе ви биде многу полесен ако знаете кои да ги прекршите. Не се плашите да бидете казнети за вистинската цел.

3. Знаете да простите

Луѓето кои знаат да простуваат се многу моќни. Обично премногу долго држиме лутина, а тоа воопшто не е здраво. Ослободете се од гневот и простете им на оние кои ви згрешиле, дури и да не ја заслужуваат вашата прошка.

4. Не барате ничие одобрување

Дури и на најсилните луѓе понекогаш им се случува да паднат во оваа замка. Не заборавајте дека единственото одобрување што треба да го барате се крие однатре. Туѓите мислења не би требало да ви значат.

8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со вас

5. Се соочувате со вашите стравови

Кога се плашите од нешто, не бегате. Сите понекогаш се затвораме во нашето мало кутиче мислејќи дека целиот свет сака да ни наштети. Токму поради тоа пропуштаме многу работи во кои би можеле да уживаме или од кои би можеле да научиме нешто.

6. Се фокусирате само на работите што можете да ги контролирате

Ако нешто е надвор од ваша контрола, не заслужува да остане заглавено во вашиот ум. Секогаш ги завршувате работите токму како што треба. Кога би можеле да промените нешто, би го сториле тоа, но не можете. Сте го прифатиле фактот дека ако постои нешто што не можете да го контролирате, тоа не е ваш проблем.

7. Знаете колку вредите

Многу е важно да знаете колку вредите. Самопочитта нема да им дозволи на другите луѓе да си играат со вас. Доколку навистина се цените себеси, никој нема да може да ве обезвредни.

8. Не им дозволувате на токсичните луѓе да останат во вашиот живот

Ако забележите дека постои токсична личност во вашиот живот, веднаш ја отстранувате. Се работи за вашиот живот и нема да дозволите никому да ви ги попречи патот. Сите заслужуваме да го живееме животот од нашите соништа.

Па, што откривте за себе? Дали им дозволувате на луѓето да си играат со вас? Доколку не се пронајдовте во горенаведените знаци, би требало да поработите на себе. Откако ќе ја добиете потребната самодоверба, ниту едно мислење или критика нема да можат да ви застанат на патот.

Дознајте и кои се 8-те карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар