8 видови храна кои е подобро да ги избегнувате додека сте под дејство на алкохол

Најчесто онаа храна за која имате потреба кога сте пијани е најлошата идеја. Токму затоа наместо да научите на потешкиот начин, прочитајте кои видови храна е подобро да ги избегнувате кога сте под дејство на алкохол…

8 видови на храна која е подобро да ја избегнувате додека сте под дејство на алкохол

1. Пица Маринара – За жал, овој рецепт е катастрофа во секој поглед. Алкохолот ги опушта мускулите кои ги туркаат храната и дигестивните сокови надолу, па токму затоа киселините од доматниот маринара сос може да создаде болки во желудникот, киселини во стомакот и болки во градите. Оваа пица исто така е многу лош избор и кога ја јадете пред спиење, бидејќи гравитацијата престанува да ви помага при туркањето на храната надоле.

2. Чоколадо – Кофеинот, маснотиите и какаото во чоколадото имаат ист ефект како и пицата врз вашиот дигестивен систем. Токму затоа, одбегнувајте го по секоја цена.

3. Переци – Солената храна ќе ве направи жедни, а тоа може да доведе до консумирање повеќе алкохол за пократко време. Но, многу е подобро да јадете додека пиете, бидејќи на тој начин храната го апсорбира алкохолот и со тоа се намалува неговото влијание. Токму затоа обидете се да најдете нешто што не е премногу солено и што нема да ве тера да испиете повеќе од планираното.

4. Помфрит – Со тешко срце кажуваме дека пржената храна содржи премногу сол која дополнително ќе ве дехидрира, па токму затоа се препорачува да избегнувате помфрит или кој било друг вид пржена храна додека пиете алкохол.

5. Десерти со ликер – Можеби ви изгледа како добра идеја да завршите со пиењето така што ќе се почестите со „пијан“ десерт, но никогаш со сигурност не можете да знаете точно колку алкохол има во она што го јадете. Доколку имате потреба за благо, одберете нешто полесно, како сладолед од ванила. Млекото и млечните производи најчесто го заштитуваат вашиот стомак и спречуваат дел од хемиските реакции кои го иритираат вашиот црн дроб додека пиете алкохол.

6. Портокали – Здрави за вашето тело? Да. Добра идеја за покрај алкохол? Не. Киселините во портокалите и другите овошја кои се слични на нив можат да покренат различни дигестивни проблеми. Доколку навистина имате желба за овошје додека сте под дејство на алкохол, одберете банана. Таа содржи високо ниво на калиум кој може да ви помогне да им се спротивставите на дехидрирачките ефекти од алкохолот.

7. Бонбони – Исто како солените работи, така и оние кои се премногу благи можат да ве натераат да пиете повеќе течности, па наместо вода да посегнете по повеќе алкохол. Не заборавајте дека тие се преполни и со празни калории. Но, ако едноставно не можете да се изборите со оваа потреба, одберете еден вид десерт и држете се само до него, бидејќи ќе изедете повеќе од колку што сте сакале, а тоа само дополнително ќе ви ја искомплицира ситуацијата.

8. Лут сос – Лутата храна која ви влијае лошо на стомакот додека сте трезни ќе има уште поголем ефект врз вашиот систем кога сте пијани. Секогаш кога пиете алкохол, обидете да се потсетите себеси дека: „Алкохолот ќе направи да ви биде полошо!“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар