8 важни нешта кои сите матурантки треба да ги знаат за шминката на големата ноќ

Понекогаш, во салоните за убавина може да побараме суптилно нагласени очи, а да добиеме пренагласена шминка која воопшто не одговара на нашите години, облека или настан. Со цел да го избегнете тоа и да изгледате најдобро што можете за време на вашата матурска вечер, погледнете ги следниве неколку мејкап совети…

8 важни нешта кои сите матурантки треба да ги знаат за шминката на големата ноќ

1. Резервирајте однапред и бидете реални

Шминкерите на шала можат да ви кажат дека постојат 4 годишни времиња: лето, есен, зима и матура! Мејкап салоните и приватните шминкери постојано нагласуваат дека е многу важно да резервирате термин со време. Ако треба, резервирајте дури и месец дена порано со цел да не мора да отидете во последен момент онаму каде што останало слободно место.

2. Бидете добри кон вашата кожа

Професионалците препорачуваат добро хидрирана кожа пред шминкањето со цел таа да остане подолго на вас. Добро хидратизираниот тен и правилно негуваната кожа ќе ја спречи апсорпцијата на влагата од состојките на шминката, а со тоа и ќе го продолжи нејзиното траење. Вие исто така треба да одите со чисто лице, без никакви трагови од друга шминка.

3. Запознајте ја работата на вашиот шминкер или шминкерка

Во денешно време можете да најдете многу шминкери кои ги нудат своите услуги преку социјалните мрежи, па токму затоа истражете малку повеќе и најдете ги оние кои се вистински мејкап уметници. Погледнете на кој начин тие ја нанесуваат шминката и како таа изгледа во завршната фаза. Ова многу лесно можете да го откриете ако тие имаат профил на Инстаграм. Верувајте им на уметниците, но мора да им помогнете што е можно повеќе со цел да ги исполнат целосно вашите очекувања. Имајте при рака примерок од бојата на вашиот фустан, со цел тој/таа да може да добие подобра идеја за шминката која најмногу ќе ви одговара.

4. Размислете за себе

Кожата изгледа многу подобро со сјај отколку со мат финиш. Многу девојки сакаат контури на своето лице кои се посебно популарни кај познатите и славни личности, но мејкап експертите препорачуваат да не претерувате со нив бидејќи ризикувате целосно да го промените вашиот изглед. Останете си доследни на себе.

5. Размислувајте на големата слика

Ако покажувате повеќе кожа, многу е важно да се поврзе лицето со останатиот дел од телото. Ако користите тонери за да ги нагласите цртите, додајте малку од истата боја и на клучната коска, деколтето и на рамената. Кажете му на шминкерот или шминкерката доколку на вашето тело постои нешто што би сакале да го скриете.

6. Вештачки трепки

Денес ниту еден мејкап тренд не е целосен без големите вештачки трепки. Вие можете да ги добиете нив од личноста која ве шминка или да ги купите сами. Но, најважно од сè е да се погрижите дека тој/таа знае да ги нанесе правилно. Би се изненадиле колку шминкери не го знаат тоа.

7. Косата и шминката треба да се надополнуваат

Што е премногу, а што премалку? Шминката е исто како и сите останати модни додатоци. Ако носите гламурозен светкав фустан, со богата фризура, накит и шминка, сè на сè тоа ќе биде премногу. Обидете се направите баланс, еден вид контраст, па ако нагласувате одредени делови на вашето тело, останатите обидете се да ги задржите посуптилни. Исто така имајте на ум дека и покрај тоа што треба да изгледате убаво на вашата матура, вам треба да ви биде и удобно.

8. Бидете инспирирани

Кога станува збор за најпосакуван селебрити изглед, Селена Гомез е едно од најпопуларните имиња. Лорде има малку понападен изглед, Ријана со својата облека го покажува својот став, а изгледот на Тејлор Свифт е ретро гламур. Без разлика на ѕвездата која ќе биде инспирација за вашиот изглед, не заборавајте дека сите професионалци имаат само едно правило: Бидете подобра верзија од себе!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар