8 успешни луѓе ги споделуваат најдобрите совети од нивните женски ментори

8 успешни луѓе ги споделуваат најдобрите совети од нивните женски ментори

Според извештај од 2017-та година направен од страна на Светскиот економски форум во врска со разликата на платата помеѓу мажите и жените, ние сме речиси 200 години зад вистинската полова еднаквост. Но модерните жени не само што се поттикнуваат една со друга, туку тие го поттикнуваат целиот свет. Погледнете некои од најдобрите совети кои ги добиле неколку успешни луѓе од нивните менторки.

8 успешни луѓе ги споделуваат најдобрите совети од нивните женски ментори

1. Вистинската врска помеѓу добрината и моќта

„Мојата менторка Невин Мичан, основач на Katonah Yoga, ме научи на многу лекции. Но онаа што ќе ја помнам засекогаш е дека додека јогата е техника која се користи за култивирање чувство на моќ, најмоќното нешто е да бидете добри. Во моите предавања, моите интеракции со учениците и вработените во SKY TING и моите одлуки како сопственик на бизнис, го давам најдоброто за да сфатам што ги мотивира моите избори. Кога моите избори се од љубов и добрина, тие се многу помоќни“, Клои Керниган, коосновач на SKY TING Yoga.

2. Цитат за преживување на транзициите во животот

„Јавај го коњот во насоката во којашто оди. Новинарката Керол Разивил ми го кажа ова додека минував низ транзиција. Верувам дека цитатот потекнува од некој друг, но нејзините зборови навистина ме удрија. Ако нешто не работи, не го присилувајте. Ова важи за љубовта, работата, животот и сè“, Кејти Стурино, модел и основач на 12-ish Style.

3. Мудри зборови за вистинскиот извор на силата

„Од мојата пријатела Тара Стајлс научив да се обидувам да ја најдам леснотијата и мекоста во следењето на моите најголеми желби. Помалку туркање, повеќе смеење“, Колин Вачоб, коосновач на Mindbodygreen.

4. Мудрост за задоволувачи на луѓе

„Мојата поранешна уредничка во UK Sunday Times секогаш беше бестрашно своја и целосно фокусирана да го добие она што го сака од својот тим, без разлика колку ја сакаат. Како личност која настојува да ги задоволува другите, секогаш кога ќе сфатам дека сум премногу ‘добра’, се запрашувам како би реагирала таа. Потоа омекнувам за околу 30%“, Руби Варингтон, основач на The Numinous.

5. Лек за сомнежот

„Мојата менторка, Џенис Бонд, сподели нешто со мене уште на почетокот: Култивирај менталитет на изобилство во сè што правиш. Ова имаше големо влијание на тоа како го водам бизнисот и како му пристапувам на моето лично патување. Никогаш ништо не ми фали, секогаш сум богата со ресурси, мудрост и можности“, Лорен Еш, основач на Black Girl in Om.

6. Техника за фокусирање на она што е важно

„Џули Нуген е директорка и коосновач на Methodology. Нејзината прва лекција за мене беше да бидам упорна во грижата за своето здравје без разлика на сè. Имало периоди од мојот живот кога сум го ставала бизнисот или врските пред моето здравје. Патувањето на Џули секогаш ме инспирира, особено бидејќи таа е една од највредните жени што ги знам. Ме научи дека здравјето треба да ми биде приоритет“, Присила Цаи, основач на Cocoking.

7. Запомнете ги и ценете ги вашите вредности

„Моите родители се разведоа кога имав 3 години, па бев израснат од 2 жени – мајка ми и баба ми. Тие водеа здрав живот уште пред тоа да стане тренд. Духовноста, отпорноста, благодарноста (и зеленчуците!) беа нешта кои ги знаев уште од многу рана возраст и ме оформија во личноста која сум денес – татко, сопруг, директор и претприемач“, Џејсон Вачоб, основач на Mindbodygreen.

8. Брилијантна ретроспектива на чувството на преоптовареност

„Бев околу една година во Ellis Brooklyn и се чувствував преоптоварено. Мислев дека нашиот бренд не е доволно голем во споредба со другите. Со постојаниот циклус на новости и медиуми, лесно е да го помислите тоа. Нешто како Инстаграм синдромот – нивниот бренд/живот е подобар од мојот. Беше многу студен ден во декември кој беше особено мизерен и разговарав со Боби Браун која ја запознав додека работев за New York Times. Таа ми рече да ѝ се јавам веднаш. Буквално ме натера да го променам мислењето. Размислував за големи инвеститори. Сакав да ја променам целата траекторија на брендот. Таа само ме праша зошто се брзам. Делот кога брендот е целосно во моја контрола и кул и сите тие убави нешта се најдобриот дел од создавање нешто посебно. Ми рече да имам доверба во резултатот, да знам дека големите бројки и финансискиот успех доаѓаат, но патувањето е она што е најважно“, Би Шапиро, колумнист од New York Times, основач на Ellis Brooklyn.

Погледнете и како да ја искористите вашата бременост за напредок во кариерата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар