8-те најлоши љубовни совети, рангирани од најмалку лошиот до најужасниот што постои

8-те најлоши љубовни совети, рангирани од најмалку лошиот до најужасниот што постои

Кога станува збор за љубовниот живот, постојат многу добри совети. Но исто така постојат и многу лоши совети чија единствена причина за постоење е да ја уништат вашата љубов. Со оглед на тоа што тие се доста раширени и постојано се пренесуваат од една на друга личност во форма на изреки, луѓето не ни размислуваат за лошото влијание што го носат со себе и ги сфаќаат како љубовни закони според кои мора да се водат. Па, ако сакате да ја спасите вашата врска, тогаш избегнувајте ги овие совети!

8-те најлоши љубовни совети, рангирани од најмалку лошиот до најужасниот што постои

8. „Ако еднаш изневерил, секогаш ќе изневерува…“

Овој совет понекогаш може да биде вистина, поради што и го добива 8-тото место на оваа листа, но сепак сè зависи од самата личност и фактот дали станува збор за љубов или не. Проблемот е во зборот „СЕКОГАШ“. Замислете ја следнава ситуација – тој ја има својата прва девојка на 15 години, но повеќе го привлекува новата ученичка во неговиот клас и решава да ја бакне во салата додека се сами. По бакнежот се чувствува виновно, па раскинува со својата девојка за која и нема силни чувства. Потоа, на 27 години ве запознава вас и целосно се вљубува. Дали навистина сметате дека тој ќе ве изневери, само затоа што тоа веќе еднаш го направил? Не, тоа е лудост!

7. „Верувај му на твојот внатрешен глас…“

Не постои совет што ќе ве збуни повеќе од овој. Кога се наоѓате во ситуација да претерувате со размислување и анализирање, вашиот внатрешен глас се претвора во стотици различни гласови што ви зборуваат на илјадници различни акценти и за сосема спротивставени размислувања. Ако сте можеле да чуете само еден глас што би ви помогнал да се справите со проблемот, најверојатно немало ни да побарате совет.

6. „Кога ќе дојде правилното време, ќе знаеш…“

За кое правилно време зборуваме? И како одеднаш магично тогаш би ги знаеле одговорите на сите прашања или пак, решенијата на сите проблеми? За жал ништо во животот не е црно-бело и ретко кога имаме можност да доживееме момент што сам по себе ќе ни го даде тоа што го бараме.

5. „Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекуваш…“

Ова е еден од најлошите совети што може да му се даде на човек што активно бара љубов. Зарем тој треба да престане со својата потрага и да чека магично да му падне љубов од небото? Љубовта доаѓа кога ќе си дојде и иако немаме влијание над неа, сепак можеме да ѝ помогнеме да се случи така што нема да се откажуваме од потрагата и ќе го држиме нашето срце отворено. Да, може да се случи да запознаете некого и кога не го барате, но тоа не е причината поради која сте го запознале.

4. „Тој те закача затоа што му се допаѓаш…“

Постои разлика помеѓу момчето што одвреме-навреме ве „закача“, како еден вид флерт, и она што е едноставно злобно кон вас. Со неколку зборови, само затоа што тој си игра со вас, не значи и дека му се допаѓате. Ако неговите шеги и начини на забава предизвикуваат да се чувствувате лошо и неудобно во својата кожа, тогаш тој не е ваш фан. Баш напротив, најверојатно си лечи некои свои фрустрации на тој начин.

3. „Добрите момци завршуваат последни…“

Всушност, момците што се навистина добри можат да стигнат прилично далеку во играта на љубовните состанувања. Зборуваме за оние што се добро воспитани, се грижат за вас, ве почитуваат и отворено комуницираат. Момците што завршуваат последни се оние несигурните, што се гордеат кога ќе освојат девојка со својата лоша репутација.

2. „Секој заслужува втора шанса…“

Не. Некои луѓе едноставно не заслужуваат втора шанса. Ако станува збор за личност што навредува или физички злоупотребува, тогаш тој или таа едноставно не заслужува втора шанса. Толку е едноставно. Ако се чувствувате загрозено во која било смисла, психолошка или физичка, време е да бегате што подалеку можете.

1. „Вистинската љубов ги надминува сите пречки…“

Да, во идеален свет, ова можеби и би можело да биде вистина. Но реалноста е дека не живееме во таков свет. Љубовта едноставно не може да ги надмине сите пречки… На пример, ако живеете во различни држави и ниту еден од вас не сака да се пресели затоа што ја има работата од своите соништа, тогаш вашата љубов полека ќе почне да згаснува. Иако земавме за пример екстремен случај, не се ограничува само на нив. Вие мора редовно да работите на љубовната врска, да вложувате многу време и многу труд, доколку сакате таа да успее. Емоциите се значајни, не велиме не, но не се оние што одредуваат дали ќе останете заедно или не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар