8 совети за природно ослободување од стриите

8 совети за природно ослободување од стриите

Стриите најчесто се поврзуваат со бременост, но можат да се појават и поради многу други причини како нагло слабеење или дебелеење, кревање тегови, хормонална нерамнотежа или некои болести. Овие белези ретко исчезнуваат сами, но постојат начини со кои ќе направите побрзо да избледат.

1. Пијте многу вода

8 совети за природно ослободување од стриите

Важно е да бидете хидрирани. Ако пиете доволно вода, вашата кожа ќе биде мека и поеластична. Водата ја одржува влажноста на кожата, додека сувата кожа е посклона кон стрии, лузни и брчки. Истражувања покажале дека е потребно да пиете 8 до 9 чаши вода дневно.

2. Нанесете сок од лимон

8 совети за природно ослободување од стриите

Витаминот Ц којшто се наоѓа во лимонот го поттикнува производството на колаген со тоа правејќи ја вашата кожа поеластична. Лимоновиот сок е природно кисел, па брзо ги отстранува мртвите кожни клетки. Тој ќе им ја осветли бојата на стриите и ќе го забрза процесот на избледување.

Како да го користите?

Сè што треба да направите е да втриете лимонов сок на местата на коишто имате стрии и да го оставите 10-тина минути за да делува. Потоа исплакнете со топла вода.

3. Користете алое вера

8 совети за природно ослободување од стриите

Алое верата е природен лек за кожата. Ова е едно од најмоќните растенија во природата. Неговите антиоксиданси ја лекуваат оштетената кожа и го обновуваат кожното ткиво. Покрај тоа, ова растение е богато со колаген и ја прави кожата поеластична.

Како да го користите?

Ако никогаш претходно не сте употребувале алое вера, нанесете малку од гелот на вашиот зглоб за да проверите дали сте алергични. Ако не сте, втријте го гелот на проблематичните места и оставете го 10 до 15 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

4. Втријте масло од рицинус

8 совети за природно ослободување од стриите

Рицинусовото масло е богато со киселина која помага во борбата против стриите. Ајурведата и хомеопатијата сметаат дека рицинусовото масло е најмоќното оружје против стрии. Покрај тоа, богато е со масни и киселини и е одличен навлажнувач.

Како да го користите?

Масирајте ги проблематичните места со маслото. Потоа покријте ги со најлонска фолија и оставете го да делува 20 до 30 минути. За подобар ефект, загрејте ја кожата користејќи шише со жешка вода. Обидувајте се да го правите ова секој ден и за 1 недела ќе ги забележите резултатите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар