8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн

8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн

Што ако е вистина дека постои само еден совршен партнер за секого? Што ако тој совршен партнер е на другиот крај на светот? До пред неколку децении шансите дека ќе ја запознаете оваа личност речиси и да не постоеле. Но, можноста за среќавање луѓе онлајн им го олесни животот на многумина. Сепак, и оваа можност треба да се искористи паметно. Погледнете некои од најдобрите совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов преку Интернет.

1. Не брзајте

(1)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mk

Не очекувајте веднаш да ја најдете љубовта на вашиот живот и да имате желба за семејство. Љубовта на прва порака не постои. Потребно е да имате вистински состанок, и тоа повеќе од еден, за да се запознаете. Но како да одберете помеѓу многуте луѓе на апликациите за состанување? Дајте им предност на оние профили кои имаат повеќе информации за нивниот сопственик, луѓе чиј изглед ви се допаѓа и луѓе со кои имате слични интереси. Ова е важно за да имате за што да разговарате на вашиот прв состанок.

2. Одберете ја вистинската фотографија

(2)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mk

Социологот Џесика Кабрино открила кои се фотографиите кои најмногу би го привлекле потенцијалниот партнер:

  • Објавете светли фотографии на кои се наоѓате само вие. Можете да направите исклучок за вашето милениче.
  • Не заборавајте на шминката. Но важно е да не претерате. И насмевнете се! Сите ја ценат отвореноста и добрината.
  • Немојте да објавувате експлицитни фотографии ако барате нешто посериозно од секс за една ноќ.

3. Наполнете го профилот со интересни информации

(3)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mk

Вториот најважен чекор е пополнување на вашиот профил. Сфатете си ја сериозно оваа работа – колку повеќе информации и хобија откриете за вас, толку се поголеми шансите дека ќе ве контактира некој со исти интереси. Веднаш ќе имате нешто заедничко.

Уште еден трик од социологот – вклучете и некои прашања во текстот кои ќе поттикнат разговор. Но немојте да лажете, напишете ја само вистината за вас.

4. Покажете иницијатива

(4)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mk

Веднаш пишете. Немојте да чекате некој прв да ви напише порака. Вашата цел е да запознаете некоја интересна личност, па зошто да губите време? Можеби е срамежлив/а или прв пат користи Интернет за состанување. Ако не добиете одговор, пишете на некој друг. Немојте да го трошите вашето време чекајќи.

Обидете се да не ги споредувате вашите поранешни партнери со луѓето кои ќе ги запознаете онлајн. Исто така немојте да одбивате состанок само затоа што некој не е „ваш тип“. Веројатно сте биле во врска со „ваш тип“, но тоа очигледно не функционирало.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар