8 ризични комбинации кои ќе ги пробијат модните бариери и ќе ве натераат да излезете од комфорната зона

Ако чувствувате дека сте заглавени во рутина со облекувањето, тогаш ослободете се и препуштете се на ризикот. Експериментирајте со изгледот и пробајте комбинации кои никогаш не би ги пробале. Откријте што функционира најдобро за вас и што најдобро ви стои, а овие ризични комбинации ќе ви помогнат во тоа и ќе ја ублажат монотонијата на секојдневниот изглед.

1. Покажете го тантелниот градник

Ризичен и секси, овој изглед сигурно ќе привлече погледи. Градниците од тантела изгледаат одлично со кратки топови со длабоки засеци од страните или со блуза/комбинезон со длабок V-израз.

1-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

2. Спојте мало бело фустанче со високи чизми

Зачинете го слаткиот обичен изглед со дрски високи чизми. Тие ќе ја издолжат вашата силуета и ќе додадат малку боја на минимализмот на белото фустанче.

2-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

3. Пробајте да носите свилени пантолони

Тие даваат огромна елеганција и се навистина лесни за комбинирање. Одлични за на работното место и пријатни за во лето, тие изгледаат супер во комбинација со кошула или обична бела маичка.

3-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

4. Целете кон драматични пропорции

Уште еден хит за оваа сезона се кимоната и долгите елеци без ракави. Од различни материјали и со разни принтови, изберете некој подолг модел кој визуелно ќе ве издолжи.

4-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

5. Пробајте го нормкор стилот

Предизвикот е да успеете широкото и спортско парче кое вообичаено би го носеле за дома или на тренинг да го носите за излегување. Најлесниот начин да го инкорпорирате овој стил е да започнете да носите патики, а потоа може да пробате и со дресови и со други парчиња.

5-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

6. Комбинирајте ги парчињата на риги

Уште еден моден предизвик кој треба да го пробате е комбинацијата на две парчиња на риги. За екстра шик изглед додадете модни додатоци во силна боја.

6-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

7. Носете го кимоното како блуза

Кимоното ќе ви ја нагласи тенката половина, а разиграните принтови ќе ви го развеселат изгледот. Одлично стојат со впечатлив накит и пар тесни фармерки, шорцеви или ѕвонарки.

7-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

8. Најдете го најволуменозното здолниште

Волуменозните здолништа ќе го „поместат“ балансот во изгледот, но и ќе му дадат одредена софистицираност. Одлично стојат со кроп топ и високи потпетици или сандали.

8-8-rizichni-kombinacii-koi-kje-gi-probijat-modnite-barieri-i-kje-ve-nateraat-da-izlezete-od-komfornata-zona-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар