8 работи за менструацијата кои жените посакуваат да им се познати на мажите

8 работи за менструацијата кои жените посакуваат да им се познати на мажите

Ако сте маж, сигурно ви е срам да разговарате на оваа тема и овој разговор прави да се чувствувате неудобно. Сепак, половина од личностите кои ги познавате (вашите мајка, сестра, девојка, сопруга…) имаат менструација, па не е лошо да научите нешто повеќе за неа. Погледнете ги 8-те работи кои секоја жена сака да ги знаете.

8-raboti-za-menstruacijata-koi-zhenite-posakuvaat-da-im-se-poznati-na-mazhite-kafepauza.mk

1. Жените не сакаат да се чувствувате непријатно

Постои некое правило за менструацијата – колку помалку се зборува за неа, толку подобро. Но, на жените им е непријатно да чуваат во тајност нешто што е сосем природно. Никоја жена не сака постојано да се крие кога треба да го смени тампонот или да лаже дека има главоболка, кога всушност ја боли стомакот. Ова ги прави да се чувствуваат како да е срамота што имаат менструација.

2. Тие се надеваат дека ги знаете барем основните работи

Машкото и женското тело се разликуваат, а оваа разлика може да создаде непријатност кога станува збор за анатомијата на спротивниот пол. За да се чувствувате поудобно кога разговарате на оваа тема, добро е да знаете како се одвива процесот на менструацијата.

3. Секоја жена има различно искуство

Кај некои жени менструацијата трае 3 дена, кај други може да трае 7, па дури и повеќе денови. Болката и емоционалните промени исто така се различни кај сите жени. Кај некои девојки крвавењето е многу обилно, додека кај други едвај и да има нешто. Жените не сакаат кога мажите мислат дека знаат сè за нивната менструација поради искуството на друга жена. Важно е да разберете дека менструацијата е уникатна кај секоја жена.

4. Менструациите може да предизвикаат силни болки

Додека ова не се случува кај секоја жена, силните болки се честа појава во овие денови од месецот. Некои жени дури ги споредуваат нивните болки со контракциите кои настануваат за време на породувањето. Понекогаш болката може да биде толку силна што ги прави секојдневните активности навистина тешки. Ако сакате да помогнете во овој период, добро ќе биде да наполните шише со топла вода и да ѝ го дадете на жената. Или пак, правете што било што ќе ѝ го одвлече вниманието од болката.

5. Жените не сакаат кога ги прашувате: „Дали е тој ден од месецот?“

Немојте да го правите ова. За нив ова прашање воопшто не е интересно, а понекогаш звучи и понижувачки. Шегите за менструацијата само ги засрамуваат жените за нешто што тие не можат да го контролираат.

6. Менструацијата предизвикува физички и психички промени

Менструацијата е многу повеќе од тампони и болка. Многу често жените имаат зголемена појава на акни, подуеност, промена во расположението, болки во грбот и главоболки во овој период од месецот. Промената во хормоните влијае на емоциите, на начинот на размислување, па дури и на физичкото здравје. Жените би сакале да ги разберете и да бидете трпеливи кога поминуваат низ овие промени.

7. Тие се чувствуваат полошо кога вие се жалите за нивната менструација

Тие се свесни дека не се најдоброто друштво кога имаат менструација, можат да бидат избувливи или пак да сакаат да спијат кога треба да се заврши некоја работа. Но, немојте да им се жалите за нивната менструација бидејќи ова само им го зголемува нивото на стрес кое и онака е многу високо во овие денови.

8. Тие се многу благодарни ако сочувствувате со нив

Најдоброто нешто што можете да го направите е да ѝ покажете повеќе љубов на жената во вашиот живот во овој период. Земете нешто за јадење на патот кон дома, бидејќи клишето дека жените сакаат чоколадо и слатки во овие денови сепак е вистина. Бидете трпеливи со промените во нивното расположение. Ако пак се понудите да купите тампони или влошки за нив и да ги спасите од болното одење до продавницата, тие ќе ви бидат навистина благодарни.

Доколку сакате да научите повеќе, прочитајте ги и овие помалку познати факти за менструацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар