8 работи кои треба да ги запаметите кога љубовните врски стануваат тешки

8 работи кои треба да ги запаметите кога љубовните врски стануваат тешки

Овие совети не се решенија на конкретни проблеми кои можеби ги имате во вашата врска. Ова се едноставни потсетници кои ќе ви помогнат пообјективно да гледате на секојдневните проблеми во љубовта.

8 raboti koi treba da gi zapametite koga ljubovnata vrska stanuva teshka-kafepauza.mk

Важно е да знаете дека животот постојано ве учи нова лекција. Некои лекции се лесни, а некои пак тешки, посебно во љубовта.

1. Секоја личност се бори на некој начин

Невозможно е да знаете како точно другите се чувствуваат или какви емотивни борби водат во себе. Понекогаш најголемите насмевки ги кријат најтенките гранки на самодоверба и надеж. Понекогаш „богатите“ имаат сè, освен среќа. Сфатете го ова пред да направите ментална слика за некоја личност која се обидува да ви покаже дека е совршена.

Секој од нас опфаќа длабок и уникатен сет на тајни и мистерии кои се потполно невозможни и невидливи за другите, вклучувајќи ги и тие што ни се најблиски.

2. Некои луѓе ќе ве повлекуваат надолу без разлика на сè

Сигурно веќе имате сретнато такви луѓе кои ве критикуваат без разлика што правите и колку добро го правите тоа. Ако им кажете дека сакате да танцувате, тие ќе го искритикуваат вашето чувство за ритам. Ако им кажете дека сакате да започнете свој бизнис, тие ќе ви дадат многу причини зошто тоа нема да успее. Поради некоја причина таквите луѓе мислат дека вие го немате она што е потребно за да успеете, но тие грешат.

Не навлегувајте длабоко во љубовна врска која ве кочи или ве повлекува назад.

Полесно е да се биде негативна личност отколку позитивна – полесно е да се критикува отколку да се биде во право. Кога преземате ризик и се обидувате да пробате ново нешто, не ги слушајте луѓето кои ве критикуваат, туку поминувајте време со личности кои ве поддржуваат и го забележуваат вашиот потенцијал.

3. Незадоволството го повредува вашиот дух

Задржувајќи го незадоволството во себе е како да пиете отров и да очекувате другата личност да се разболи од тоа. Тоа е бесцелно. Како што отровот делува на човечкото тело, така и незадоволството делува на човечкиот дух – дури и кога е многу малку, лошо е за вас.

Не си ги зголемувајте животните потешкотии полнејќи си го умот со незадоволства. Едноставно почнете да ги бришете и да ги исфрлате од вас. Ако чувствувате како незадоволството почнува да ве повлекува назад, застанете и сетете се на фактот дека ништо не добивате со тоа што ќе се окупирате со работи кои веќе се случиле и кои не можат да се променат.

Престанете уште од денес да им дозволувате на духовите од вчера да ве прогонуваат. Заборавете на тие кои ве повредиле и помогнете им на тие кои ви помогнале.

2.8 raboti koi treba da gi zapametite koga ljubovnata vrska stanuva teshka-kafepauza.mk

4. Простувањето е единствениот пат до мирот во душата

Кога некој ќе ве повреди, тешко е да останете смирени, но вие обидете се затоа што мирот е единствена битка вредна за водење. Мирот е прекрасен, манифестација на вашата љубов и најдобрата одлука за подобра иднина.

Понекогаш е многу тешко да се биде смирен – повеќе отколку да се биде гневен или одмаздољубив. Потребно е да останете смирени и да се ослободувате од болката. Потребно е простувате и да продолжите напред. Секако, овие работи не ги правите само за личностите кои ве повредиле, туку ги правите и за самите себе.

5. Вистинската љубов е реална и вредна за да се борите за неа

Без разлика дали е само пријателство или интимна врска, кога некоја личност ве сака, тогаш вие знаете. Кога ќе го изговорат вашето име, светот звучи подобро. Кога ќе ви ја допрат кожата, се чувствувате многу поубаво. Знаете дека вашата душа е безбедна покрај нив.

Покрај физичката интеракција, постои и тивка конекција помеѓу вас, а вие ја чувствувате во себе. Можете да седите со часови, без да изговорите збор или да направите нешто, а сепак да ги чувствувате во вашето срце. Тоа е чувство како таа личност отсекогаш да била дел од вас.

Важно е да се знае дека вие учите за ваквиот тип љубов полека како што врската напредува. Ова не е нешто кое одма го разбирате. Се работи за тоа како две личности се однесуваат една кон друга, како меѓусебно се почитуваат и како заедно функционираат кога се соочуваат со лоши и со добри времиња.

6. Вашите несовршености се она што ве привлекува еден кон друг

Ако сте во потрага по совршен партнер или пријател, тогаш престанете. Не постои такво нешто. Постојат само различни нијанси на несовршеност. Всушност, вие сте несовршени баш како што му е потребно на вашиот партнер или пријател. Најважно е да пронајдете личност која потполно се вклопува во вашата несовршеност.

Овој процес не се случува преку ноќ.

Потребно е долго време за да стигнете до разбирање на вашата несовршеност. Потребно е многу искуство во животот пред да се судрите со вашите демони, вашите маани и навики кои ве прават тоа што сте. Откако ќе се запознаете себеси на ваков начин, тогаш барајте некого кој е несовршен на совршен начин за вас.

3.8 raboti koi treba da gi zapametite koga ljubovnata vrska stanuva teshka-kafepauza.mk

7. Вие внесувате и позитива и негатива во врските

Внимавајте да не се сомневате постојано во позитивноста на вашиот партнер (или пријател), а потоа да го игнорирате вашето негативно однесување. Веројатно ова го правите почесто отколку што забележувате.

На пример, многу пати ќе го прашате вашиот партнер: Дали ме сакаш? Дали си сигурен? – и слични прашања кои упатуваат на сомнеж во љубовта. А ретко прашувате: Дали ова те вознемирува? Дали си сигурен? – и слични прашања кои имаат потенцијал да решат проблеми пред да започнат.

Оваа неурамнотеженост креира тензија кај двете страни. Позитивните работи стануваат оптоварувачки додека негативните се продлабочуваат и остануваат неразрешени во позадина.

Имајте верба во позитивноста додека работите на лошите работи или едноставно додека ги прифаќате.

8. Потребно е да имате време само за себе

Врските со другите се важни, но вам понекогаш ви треба да сте сами, затоа што кога сте во изолација, вие сте ослободени од обврски и надворешен притисок. Добро е да имате можност да ги слушнете вашите мисли, да го разбистрите мозокот и да потоа продолжите како посилни.

Ценете го времето кое е само за вас. Пешачете долго или возете сами. Гледајте го заоѓањето или изгревањето на сонцето, во мир и тишина. Научете нешто ново. Читајте книги и пишувајте.

Откако ќе научите да се справувате со овие работи, тогаш врските со другите луѓе ќе ви бидат многу полесни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар