8 работи кои секоја мајка треба да ги направи за себе барем еднаш годишно

Секако, вие сте една „супер мајка“ која успева без проблем со едната рака да ги става садовите во машината за миење, со другата да му помага на поголемото дете да ги реши математичките задачи, додека истовремено со помалото, по стоти пат во денот ја пее неговата омилена песна. Но, дали во текот на изминатава година направивте нешто само за вас? Ние ви нудиме листа од осум работи за кои секоја мајка би требало да одвои неколку часа во годината и да ги направи единствено за себе.

(1) 8 работи кои секоја мајка треба да ги направи за себе барем еднаш годишно

1. Одете на масажа

Масажата ќе ви помогне да се релаксирате и да го подобрите здравјето на вашето тело. Постојаната грижа за децата ве прави напнати и згрчени, поради што често ви се појавуваат болки во вратот и рамената.

2. Поминете 24 часа одвоени од вашите деца

Ако успеете тие 24 часа да ги продолжите и на една недела, тогаш уште подобро за вас.

3. Потрошете поголема сума за парче облека или нешто што ве развеселува

Понекогаш дозволете си луксуз и барем еднаш годишно потрошете поголема сума пари на парче облека или некој моден додаток којшто ќе ве развесели и ќе направи да се чувствувате шик и во тренд.

4. Најдете си нов/а пријател/ка

Во ред е тој или таа да биде и родител на некое од децата со коешто вашето дете оди во градинка или на училиште. Но, потрудете се вашите средби и разговори да не ги посветувате само на децата.

(2) 8 работи кои секоја мајка треба да ги направи за себе барем еднаш годишно

5. Направете нешто целосно неодговорно

Вие сте мајка која ги држи работите под контрола 364 дена во годината. Затоа, слободно посветете си една вечер себеси, излезете, „заборавете“ го телефонот дома, испијте неколку коктели и смејте се.

6. Направете една фотографија на којашто изгледате фантастично

Имате милијарда фотографии од вашите најмили, а вас ве нема на сликите. Тоа е така затоа што само вие фотографирате. Најдете некој кој ќе ви направи една креативна фотосесија и изберете си една фотографија каде што изгледате најдобро. Понекогаш погледнувајте ја за да се потсетите на вашата убавина и женственост.

7. Посетете настан од уметноста

Не е важно дали ќе се одлучите за изложба, концерт, театар, филм, важно е да се дотерате, нашминкате и да излезете од дома. Културните настани во себе имаат некоја посебна магија која ја буди креативната страна кај човекот.

8. Ангажирајте сервис за чистење

Барем еднаш годишно, неколку дена заборавете на крпите, четките, средствата за чистење, кофите, сунѓерите… Доколку сте во можност ангажирајте сервис за чистење. Вие за тоа време направете една од работите споменати погоре.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар