8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

Купувањето капут е голема инвестиција. Затоа, треба да одвоите време и да испробувате модели сѐ додека не го најдете идеалниот за вас. Линијата на рамената е најважна и неа не можете да ја промените. Должината е исто така важна, но повеќето модели може да бидат скратени. Еве на што треба особено да внимавате.

8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

1. Ширина

Кога ќе испробувате капут, носете два слоја облека, блуза и тенок џемпер. Капутот мора да ви биде удобен. Ако ви е тесен, пробајте поголем број или друг модел. Доколку носите сако, облечете го и него пред да го пробате капутот.

2. Движење

Проверете дали можете слободно да се движите. Да возите, да ја дигнете раката и слично. Ова е обично изводливо кога капутот е голем, но на овој начин ќе ја изгубите женската силуета. Затоа, вреди да одвоите време и да барате модел кој ви е удобен и добро ви прилега.

3. Должина

Должината на капутот избирајте ја според вашата висина. На ниските дами најдобро им стојат капути со должина до колената или пократки. Високите жени може да носат капути со различни должини. Моделите до колената се најдобри, убаво изгледаат и со здолниште и со панталони, а оние кои се пократки најдобро изгледаат со панталони.

8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

4. Рамена

Секој капут треба да завршува на работ на рамената. Моделите кои се пошироки од рамената ќе ја изгубат женствената линија, а оние пак кои се пократки ќе изгледаат како да ви се мали.

5. Ширина на ракави

Ракавите треба да бидат грациозни и не премногу широки, но сепак доволно за под нив да можете да облечете два слоја облека.

6. Должина на ракавите

Ракавите треба да завршуваат отприлика два до три сантиметри по зглобот на раката. Доколку завршуваат на самиот зглоб, тие се прекратки. Што се однесува пак со ракавите со должина од три четвртини на вашите раце, најдобро е да завршуваат помеѓу лакотот и рачниот зглоб.

7. Опаѓање

Без разлика на моделот и материјалот, капутот мора убаво да паѓа, да создава прекрасна силуета и да има убава вертикална линија која никаде не се прекршува.

8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

8. Важна е и јаката

Моделите со ревери со средна должина им прилегаат на сите. Треба да внимавате да не избирате премногу детски модели, а јаките кои наликуваат на оние на кошулата се погодни за моделите кои имаат два реда копчиња. Високата јака и шал делуваат атрактивно, но им одговараат само на жените кои имаат подолг врат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар