8 придобивки што ги искусуваат жените кои се откажале од градниците

Секоја жена има комплицирана врска со градниците. Ова парче долна облека стана симбол на модерната женственост. Градниците се носени секојдневно од речиси сите жени, со верување дека ја нудат потребната поддршка за градите. Но колку од оваа „поддршка“ е научно потврдена? Постојат многу причини кои ќе ве натераат да се откажете од градниците, а во продолжение погледнете некои од нив.

8-pridobivki-od-otkazhuvanjeto-od-gradnicite-kafepauza.mk

1. Градниците немаат никаков ефект при подигањето на градите

Многу жени мислат дека ако не носат градник, нивните гради ќе се „спуштат“. Всушност, едно истражување во Франција покажало дека градниците го имаат токму спротивниот ефект. Тие предизвикуваат градите да ја загубат нивната форма со текот на времето. Кога носите градник, природната потпора на градите ослабува, а ова предизвикува нивно спуштање.

2. Ќе имате подобра циркулација

Градникот сепак е само огромен стегач за вашите гради, а ова стегање сигурно ќе има влијание на циркулацијата. Кога ќе се откажете од градниците, ќе ѝ дозволите на крвта слободно да се движи.

3. Вашиот сон ќе ви биде благодарен

Ако имате проблеми со спиењето, можеби треба да го обвините вашиот градник. Тој може да предизвика неудобност, а ова има негативен ефект на вашиот сон. Никогаш не одете на спиење со градник.

4. Ќе се подобри здравјето на вашите гради

Додека нема некои сериозни последици за здравјето од градниците, тие сепак може да ги иритираат вашите кожа и мускули. Здравствени проблеми може да настанат и ако градникот ви предизвикува болка во ребрата и недостаток на воздух.

5. Ќе ви биде удобно

Сигурно ви е познато прекрасното чувство кога ќе го соблечете градникот на крајот од денот. Сега, замислете како е да го имате тоа чувство во текот на целиот ден. Само оваа причина е доволно добра за да се откажете од него.

6. Можеби вашите гради ќе се зголемат

Кога сакаме да ги истакнеме градите, многумина од нас одбираат пуш-ап градници, бидејќи тоа изгледа како најлесен начин. Но, ако сакате да ги зголемите градите долгорочно, најдобро е да се откажете од градниците. Кога ќе ја немаат поддршката од градникот, мускулите на вашите гради ќе станат активни со цел да ѝ се спротивстават на гравитацијата. Самите гради нема да пораснат, но цврстите мускули ќе направат да изгледаат поголеми.

7. Можете да заштедите пари

Градниците не се евтини. Зошто да не ги потрошите тие пари за нешто што всушност го сакате и навистина ви е потребно?

8. Ќе ја подобрите нивната форма

Мускулите на вашите гради ќе зајакнат со текот на времето и ќе им дадат поубава, позаоблена форма.

Прочитајте ги и овие совети за здрави гради.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар