8 придобивки од секојдневното консумирање кокосова вода

Кокосовата вода станува сè повеќе позната. Ја препорачуваат топ модели, познати спортисти, па дури и здравствени организации. Погледнете ги 8-те најголеми придобивки од овој пијалак. Овие промени ќе ги забележите по само 2 недели секојдневно консумирање.

1. Вашето тело ќе биде хидрирано

(1)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Кокосовата вода помага во обновувањето на енергијата и ја одржува оптималната рамнотежа на течности во телото. Поради ова таа е многу популарна кај атлетичарите кои ја препорачуваат пред, за време на и по вежбањето.

2. Побрзо и полесно ќе ја изгубите непосакуваната тежина

(2)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Пробајте да ги замените пијалаците со кокосова вода ако сакате да ја намалите вашата тежина. Овој пијалак има малку калории, но сепак ќе ве засити. Напијте се една чаша кокосова вода пред оброк за да го намалите количеството изедена храна.

3. Ќе немате проблеми со дигестијата

(3)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Поради високата концентрација хранливи влакна, кокосовата вода значително ја подобрува дигестијата. Светската здравствена организација го препорачува овој пијалак како лек за дијареја кај мали деца.

4. Нормализиран крвен притисок

(4)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Истражувањата покажале дека кокосовата вода има значителен ефект на крвниот притисок. Го намалува систолниот крвен притисок за 71%, а дијастолниот за 29%.

5. Ќе имате мазна и блескава кожа

(5)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Бидејќи е одличен извор на антиоксиданси, кокосовата вода ќе го исчисти вашето тело од токсини, но и ќе му ги даде потребните хранливи материи. Покрај тоа што можете да ја пиете, можете и секојдневно да ја нанесувате на вашето лице. Кокосовата вода ќе ги среди несовршеностите на лицето и ќе ја направи вашата кожа здрава и убава.

6. Ќе се намали стресот и променливото расположение

(6)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Кокосовата вода содржи многу витамини. Витаминот Б комплекс помага во намалувањето на стресот и го спречува променливото расположение. Магнезиумот пак го зголемува производството на серотонин, чиј недостаток може да предизвика депресија.

7. Таа е природен лек за мамурлак

(7)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Ако сте испиле повеќе претходната вечер, кокосовата вода ќе ве врати во живот. Таа е богата со хранливи материи кои ќе го хидрираат вашето тело и ќе ги надоместат изгубените витамини. Кокосовата вода е всушност 95% чиста вода, па е најдобриот пијалак за одржување на рамнотежата на течностите во телото.

8. Ќе го забавите процесот на стареење

(8)8-pridobivki-od-sekojdnevnoto-konsumiranje-kokosova-voda-kafepauz

Кокосовата вода е природен извор на цитокинин, хормон кој прави чуда за вашето здравје. Овој хормон не само што е одговорен за поделбата на клетките, туку има позитивен ефект против стареењето и го намалува ризикот од болести поврзани со староста, како што се рак и тромбоза.

Погледнете ги и овие придобивки од кокосовата вода.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар