8 причини зошто треба да ја изберете девојката која знае како да ве насмее

8 причини зошто треба да ја изберете девојката која знае како да ве насмее

Со наоѓањето на девојка која ќе ја цените поради нејзиниот карактер, вие ќе создавате нов слој привлечност секојдневно. Не постои ништо посекси од забавна девојка бидејќи таа ги има сите карактеристики кои мажите ги бараат од понежната половината. Па, тогаш зошто да не би тежнееле кон онаа која најмногу ве смее?

8 причини зошто треба да ја изберете девојката која знае како да ве насмее

1. Таа е интелигентна

Кога ќе запознаете досетлива девојка, многу е лесно да ја препознаете интелигенцијата која се крие зад нејзината насмевка. Ако таа има моќ постојано да мами насмевка на вашето лице, намерно, верувајте таа е совршената девојка за вас.

Таа ќе ве натера да размислувате, бидејќи има способност да ги провоцира мислите преку хумор, притоа правејќи ве посвесни за сите оние нешта кои се сметаат за табу тема во вашата генерација. Тоа е исто така и една од многуте причини поради кои ќе биде скоро невозможно да ви здодее.

2. Не ѝ се потребни марки за да се чувствува атрактивно

Постојат девојки кои целиот свој живот го сведуваат на физичкиот изглед. И точно, тие можеби во секој момент можат од далеку да го привлечат вашето внимание, но многу често кога ќе им се доближите ќе сфатите дека тие се убави за очи, но слаби на зборови.

Скоро е невозможно да инвестирате долготрајни емоции во која било жена која го сведува животот на физичкиот изглед. Но, доколку таа прави шеги на своја сметка, вие знаете дека се чувствува одлично во својата кожа, па токму затоа и ќе може слободно да разговара со вас за сè.

3. Таа е реална

Во денешно време многу жени се опседнати со создавање лажна слика за себе во јавноста. Особено преку социјалните мрежи, тие покажуваат една страна од нив која ни најмалку не е слична со нивниот вистински карактер.

Жените кои користат често хумор се автентични, а тоа лесно можете да го забележите и по нивните шеги. Токму затоа и досетливите девојки имаат голем број пријатели (вистински, не на социјалните мрежи) кои одбираат своето слободно време да го поминуваат со нив во реалноста.

4. Таа има висока самодоверба

Не постојат многу срамежливи комедијанти, се согласувате? Барем не во кругот на успешните. Потребно е да се има посебна дарба за да може да се привлече и задржи вниманието на сите луѓе во просторијата.

Добрата смисла за хумор покажува храброст во социјалните ситуации, како и висока самодоверба. Жените кои ја имаат, свесни се дека се смешни, па токму затоа и често ја користат како секси алатка за привлекување мажи.

5. Таа ќе ја преземе контролата врз разговорот

Забавните девојки понекогаш дури и несвесно ја диктираат насоката во која се движи разговорот така што додаваат сарказам или друг вид досетливи шеги. Кога таа ќе направи ваков вид шега, вие веднаш ќе ја забележите и ќе ѝ одговорите на истиот начин. Од друга страна, кога таа се смее и вие ќе се смеете покрај неа.

Тие имаат уникатна способност да го тргнат притисокот од нештата и да ве потсетат дека не секогаш треба да бидете толку сериозни. Без разлика на ситуацијата, таа секогаш ќе најде начин како да ве насмее.

6. Играта со зборови води кон предигра

Доколку почнете да поминувате многу време со забавна девојка, со или без очекувања за вашата заедничка иднина, вие брзо ќе почнете да чувствувате хемија во разговорите која потоа ќе се префрли и во спалната соба.

Жените кои знаат како да ве насмеат, знаат и како да го искористат тоа на сексуален начин, овозможувајќи ви поголемо задоволство. Доволни им се само неколку игри со зборови со цел да ве натераат да посакате веднаш да ги одведете во кревет.

7. Таа ќе ви ја сруши заштитата околу вас

Смешните жени ви дозволуваат да бидете оние кои навистина сте бидејќи тие и самите го прават тоа за себе. Тоа е можеби најдобриот дел кај забавните луѓе – тие имаат способност да најдат хумор дури и во негативните нешта, без воопшто да се потрудат.

Вие никогаш нема да мора да бидете никој друг освен самите себеси со цел да добиете насмевка од неа, па токму затоа и можете да бидете сигурни дека таа нема да ве осудува поради вашите маани.

8. Таа никогаш нема да држи лутина

Без разлика на вашата караница, таа нема да може долго време да ви биде лута. Од друга страна пак, најдобро од сè е што таа дури и кога знае дека вие сте ѝ многу лути, сепак ќе најде начин да ве насмее. Оваа способност може многу да помогне на подолг рок во вашата врска.

Тешко е да се биде лут на девојка со која попрво би сакале да смеете, прегнати. Кога ќе најдете ваква девојка, чувајте ја најдобро што можете, бидејќи таа не само што ќе биде одлична партнерка, туку истовремено ќе ви стане и најдобра пријателка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар