8 причини зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот

8 причини зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот

„Жената е како кесичка за чај. Не можете да знаете колку е силна, додека не ја ставите во топла вода.“ – Елеонор Рузвелт

Тешко е да се најде вистинска љубов и тоа многу зависи од вашата среќа, но и од тоа каква личност сте. Додека некои жени постојано уживаат во среќните врски, на некои навистина им е тешко да го најдат вистинскиот. Генерално гледано, силните и независни жени се оние коишто потфрлуваат во љубовниот живот. Но, зошто се случува тоа? Тие се паметни, прекрасни и независни. Можеби ќе ви звучи чудно, но токму тоа се причините за нивната лоша среќа во љубовта! Во продолжение, прочитајте зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот…

8 причини зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот

1. Тие се независни и нивните соништа се на прво место

Силните и независни жени секогаш ги ставаат нивните соништа на прво место. Тие станале толку неверојатни поради тоа што никогаш не се откажале од нивните соништа. Нема да им дозволат на нивните партнери да ги спречат во остварувањето на целта. Освен тоа, им треба простор за да го прават тоа што го сакаат. Ако нивните партнери не можат да ги разберат и им претставуваат товар наместо поддршка, неверојатните жени ќе ги изберат нивните соништа.

2. Љубовта не им е приоритет

Неверојатните жени се успешни уште од рана возраст. Додека нивните врснички се преокупирани со потрагата по вистинскиот партнер, независните девојки се фокусираат на нивната кариера. Нема да им пречи доколку најдат љубов, но нема да се разочараат ако не се појави вистинскиот. Тие можат да продолжат сами во животот.

3. Многу се пребирливи во однос на мажите

Тие се прекрасни, неодоливи и одлучни. Не ги интересираат сите мажи што постојат на светот. Сметаат дека идиотите се одбивни. Ним им треба некој кој ќе ја разбере нивната страст и соништа, а тоа не може да го стори секој. Токму затоа, нивниот избор е многу ограничен.

4. Не толерираат лошо однесување

Тие знаат колку вредат и не зависат од никого. Токму поради тоа нема да го толерираат лошото однесување на партнерот. Неверојатните жени попрво би живееле сами отколку да прифатат нешто помалку од она што го заслужуваат.

8 причини зошто неверојатните жени имаат најлош љубовен живот

5. Веднаш ги препознаваат лагите

Тие можат да препознаат лагите. Никогаш не даваат втори шанси. Ако дознаат дека биле изневерени, ќе свртат нов лист без да се свртат назад.

6. Многу се зрели

Тие ги знаат и разбираат работите подобро од останатите. Токму затоа, им треба некој кој ќе го поседува истото ниво на зрелост. Доколку партнерот не е зрел, тие нема да бидат на истата бранова должина, и врската нема да успее.

7. Тие се уникатни и малку необични

Неверојатните девојки се издвојуваат од толпата. Токму тоа ги прави посебни. Тие не прават типично женски работи. Тие се различни и необични и им треба човек што ќе може да ја разбере и цени нивната уникатност.

8. Никогаш нема да го пумпаат машкото его

Нивната независна природа не им дозволува да го пумпаат машкото его. Мажите се плашат од жените кои се изградени како личности и кои се поуспешни од нив. Неверојатните жени не прифаќаат компромиси. Нивните партнери ќе мораат или да заборават на нивното его или да се откажат од врската. За жал, во повеќето случаи се случува второто.

Можеби врската со ваква жена ви звучи како невозможна мисија. Но, не заборавајте дека силните и независните жени се најретките и најдобрите љубовни партнерки што можете да си ги замислите.

Прочитајте ги и следниве 11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време да најдат љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар